ribi
Општи карактеристики

Риби е дванаесеттиот знак на хороскопот, а тоа е, исто така, последниот знак во хороскопскиот циклус. Елемент поврзан со рибите е водата. Астролозите сметаат дека токму како и самите риби, така и родените во овој знак грациозно се движат низ животниот тек. Рибите се вљубеници во музиката, поезијата, фините уметности и се склони кон мечтаење.

Имаат бујна имагинација, па често некои од нив се препуштаат на фантазијата и „живеат во свој свет“, но и покрај тоа знаат да бидат исклучително само-чувствителни со несреќата на другите.

Понекогаш нивниот романтичен поглед на свет и чувствителност е тешко разбирлива на оние луѓе кои се водени од практичност и реалност. Тие сакаат магични и мистериозни нешта, како и недопрена природа. Понекогаш имаат тенденција да се осамуваат, но секогаш се враќаат во друштво на другите каде имаат потреба да бидат посветени на некој или нешто. Нивната сензибилност ги прави успешни како уметници, писатели или музичари. Дури и обичната работа знаат да ја доведат на ниво на креативна уметност.  

Љубовта е многу битен дел од нивниот живот. Нивната несебичност и посветеност знае да оди до степен за самопожртвување, што не им претставува товар, но задоволство. Често знаат потребите на другите да ги ставаат пред своите. Како љубовници се нежни и романтични, а својот партнер до третираат со несебична посветеност и грижливост.       

Посветени се духовните вредности и хуманоста, а некои од нив се и многу религиозни. Задлабочени во своите мечти, понекогаш имаат отсуство на способност да направат разлика меѓу реална состојба и улузија. Можеби токму ваквите бегства од реалност им овозможуваат на оние нежните, срамежливи и повлечени Риби да се справат со суровоста на светот.     

Ја ценат својата интуиција и знаат да уживаат во животот.

Елемент: Вода

Група: Теоретска

Поларитет: Негативен

Омилена боја: Зелена

Владејачка планета: Нептун, Јупитер

Куќа на владеење: Дванаесетта

Спротивен знак: Девица

Среќен камен: Месечев камен (moonstone)

Период: 19 февруари - 20 март

Силни страни: Интуитивни, чувствителни, уметнички души, нежни, мудри.

Слабости: Често се поставуваат како жртви, исплашени, имаат премногу доверба во другите, тажни, желба да избегаат од реалноста.

Карактеристични белези: Меки, луѓе кои лесно покажуваат емоции.

Сакаат: Духовни теми, периоди на самотија, визуелни медиуми, спиење, романтика, музика, пливање.

Не сакаат: Прогонување од минатото, критика, суровоста од било кој вид.

Најдобра средина: На или во близина на вода, особено на море, во кино.

 

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com