ПЕТОК, 22 ФЕВРУАРИ 2019

Кокосовото масло - најдобар пријател на вашето здравје

Кокосовото масло е богато со масни киселини, затоа има позитивен ефект за човековиот организам, без разлика дали се внесува во организот преку храната или пијалоците или пак надворешно се нанесува на кожата. Еве неколку ситуации кога кокосовото масло може да ви биде од голема помош.

post cover photo

Кога ќе се исечете или кога имате мала рана

Кокосовото масло помага вашата рана да заздрави побрзо, затоа запомнете секогаш кога ќе се изгребете или исечете, намачкајте го местото со кокосово масло и за брзо време раната ќе исчезне.

Нега на устата и забите

Кокосовото масло е одлично да го избегнете непријатниот здив и забниот камен. Секое утро и секоја вечер пред да ги измиете вашите заби, првин измијте ја устата со една лажица стопено кокосово масло.

Кога имате воспаленија

Ова масло многу помага против воспалителните состојби. Доколку не можете да се справите со кашлицата, употребете го маслото за да правите гаргара. Исто така, доколку имате изгореници или убоди од инсекти, воспаленото место премачкајте го со масло.

Кога имате температура или пак болка

Кокосовото масло ја намалува температурата и болката, затоа доколку качите висока температура или пак на пример имате болка во грлото, се препорачува поголема конзумација на ова масло.

За тироидната жлезда

Истражувањата покажале дека редовна конзумација на кокосово масло ја подобрува работата на тироидната жлезда.

Добро за коските

Редовното внесување на кокосовото масло спречува остеопороза. Доколку го употребувате за масирање на зглобовите, ќе ја намалите и болката од артритис.

Заштита од комарци

За да се заштитите од комарците, помешјате неколку капки од маслото од иланг-иланг со кокосовото масло и нанесете на кожата.

Заборавете на мамурлакот

Кокосовото масло ги намалува негативните последици од пиењето алкохол.

Име на банер

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com