САБОТА, 24 ДЕКЕМВРИ 2016

15 работи кои не сте ги знаеле за неверојатниот Мајкл Бубле

Канадскиот заводник, Мајкл Бубле е познат по својот Божиќен албум кој е компилација од најубавите празнични песни. 

post cover photo

Бубле дефинитивно пее како ангел и неговите песни нè освојуваат сите. Но, покрај тоа што ги знаете неговите песни, дали знаете нешто повеќе за неговиот живот и неговото минато? Сега имате можност да дознете 15 интересни работи за овој неверојатен пејач, кои досега сигурно не сте ги знаеле.

1. Мајкл е роден на 9 септември 1975, во Бурнаби, Британска Колумбија. Неговата мајка е Амбер Бубле, а неговиот татко Луис Бубле, поранешен риболовец.

2. На 16 години, за првпат пее во ноќен клуб, а тоа е организирано од страна на неговиот дедо, кој работел како водоводџија.

3. На 17 години, неговиот дедо го натера да се пријави на локално талент шоу, на коешто беше исфрлен, иако на крајот победи. Потоа се пријави на шоу за млади таленти во Британска Колумбија и таму исто така победи.

4. Мајкл никогаш не се гледа на телевизија по своите перформанси.

5. Во 2000 година, Мајкл Бубле беше поканет од помошникот на поранешниот премиер на Канада, да настапува на бизнис забава. Помошникот го покажа албумот на Мајкл на премиерот, а потоа тој го покани да настапува на свадбата на неговата ќерка. На свадбата Мајкле Бубле се запозна со музичкиот продуцент Дејвид Фостер.

6. Првиот успешен албум на Мајкл искочи во 2003 година и беше број еден хит во Австралија и беше меѓу првите топ 10 на листите во Велика Британија и Канада.

7. Во 2004, 28-годишниот Мајкл доби награда за Најдобар талент на канадските награди Juno.

8. Мајкл беше верен три пати. Првиот пат со актерката Деби Тимус, вториот пат со актерката Емили Блант и третиот и последен пат со познатата актерка и модел Луисана Лопилато.

9. Откако ја прекина врската со Емили Блант, во 2008 година тој почна да се забавува со Луисана Лопилато. Тој песната Haven't Met You Yet ја напиша за неа, а таа дури се појавува и во спотот. Тие се венчаа на 31 март 2011 со две церемонии во Буенос Аирес и Ванкувер.

10. На 27 август 2013 се роди неговиот прв син Ноа, а на 22 јануари 2016 се роди вториот син Елијас.

11. Во 2003 година, Мајкл се појави во филмот The Snow Walker.

12. Омилен филм на пејачот е The Princess Bride.

13. Најголемата желба на Мајкл не била тој да биде пејач, туку тој многу сакал еден ден да биде хокеј играч.

14. Бубле има италијанско потекло и од 2005 година тој е натурализиран италијански државјанин.

15. Мајкл обожава да ја носи својата сопруга, Луисана, во Дизниленд. Тие дури својот меден месец го поминаа таму и спиеја во дворецот на Пепелашка.

 

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com