САБОТА, 21 АПРИЛ 2018

Модна инспирација – 5 викенд комбинации

Работната недела заврши и конечно можеме да воздивнеме и да му радуваме на викендот. Викендот е времето кое го користите за да се опуштиме со пријателите, да се одмориме од напорната работна недела, да прошетаме или едноставно да си го посветиме себеси.

Дали вие испланиравте што ќе правите за да уживате во пролетните температури овој викенд или сѐ уште размислувате? Каде и да одите, што и да правите, направете го тоа со стил. Доколку во текот на работната недела се облекувате во монохроматски бои, време е да излезете од сивилото и овој викенд да им се препуштите на веселите бои, а доколку немате инспирација што да облечете, ние ви подготвивме неколку идеи.

Блеснете во бело

Белата боја е бојата на совршенството, добрината и светлината, па зошто да не изгледате совршено облечени во бело од глава до пети како совршената Џиџи Хадид.

Цветен фустан

Цветниот фустан е задолжително парче облека во плакарот на современата и модерна жена. Разиграните тонови и цветните детали се секогаш одличен и беспрекорен избор за пролет, за кафе со пријателките, за прошетка со момчето или за на работа.

Фустан со точки

Фустанот без сомнежи е најомилениот дел од облеката на секоја жена, а фустанот со точки е еден од безвременските дезени кои никогаш не излегуваат од мода кои и оваа пролет внесуваат разиграност и чувство на слобода.

Класичен изглед

И покрај тоа што од класичниот и формален изглед ви е преку глава, ако тоа е кодексот на облекување на вашето работно, сепак претставува стилска модна комбинација која можете да ја носите и за време на викендот, со тоа што ќе направите полежерна комбинација во која наместо кошула, ќе облечете маичка со кратки ракави.

Пастелни бои

Непишано правило е дека пролетта е периодот кога пастелните бои се нашите омилени бои: розово, сино или зелено, здолниште, панталони или фустанче. Пастелните бои се одличен начин да ја освежите вашата гардероба и да внесете свежина во вашиот изглед. Без разлика за каква пригода треба да се облечете, нема да погрешите што и да изберете сѐ додека во игра се пастелните бои.

Bella prolet 19

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com