Не губете повеќе време! Доколку вашата врска и вашиот сексуален живот почнува да запаѓа во една рутина и монотонија, време е да го зачините вашиот живот и да ги пробате овие сексуалните игри уште денес.
Не постои начин да не знаете како да се однесувате како непослушнa медицинска сестра, а вашиот партнер може да биде вашиот доктор. Основата на оваа игра е да се соблечете голи и да започнете да го прегледувате вашиот партнер (или тој вас). Со овој начин на исчекување на вашиот следен чекор, вашиот партнер ќе полуди. Експертите велат дека ова е најдобриот начин да се внесат повеќе емоции во вашиот сексуален живот.
За ова мора да занете да играте покер. Во текот на играта, полека, дел по дел ќе ја губите својата облека додека на крај не бидете целосно голи. Еден од најважните моменти е да останете со сериозно лице за време на играта, за интригата и мистеријата да биде поголема. Меѓутоа, тука не е важно кој ќе победи, тоа што е важно е самата игра. Според сексолозите, покерот на соблекување ја поттикнува имагинацијата и ја зголемува сексуалнта тензија пред да стигнете до самиот чин - секс.
Самиот наслов кажува дека се работи за целосно уживање со помош на шал или вратоврска со која ќе ги заврзете очите на партнерот. Според оваа игра, најпрво започнете бавно да го допирате партнерот, а потоа едноставно играјте си со него во зависност од вашите желби и потреби, што дополнително ќе ја зголеми тензијата бидејќи кога очите се затворени сите други сетила се изострени.
Разбудете ја страста во вашиот партнер, дури и ако ова го правите првпат. Однапред договорете се со вашиот партнер да не ве допира додека вие него го масирате или обратно. За сигурност, можете дури и нежно да ги врзете рацете заедно. Ако го лишите од можноста да ве допре, тоа во голема мера ќе ја зголеми неговата сексуална желба.Во процесот на масажа, „случајно“ допирајте ги неговите гениталии, играјте си со него, бидете непредвидливи - тоа само ќе ја зајакне својата атракција. Почувствувајте го својот партнер, нека вашата женственост и вродена сексуалност ги водат вашите постапки, не плашете се да го надминете она што е вообичаено и дозволено.
Сигурно сте го виделе на филмовите, но е уште поинтересно во реалниот живот. Подгответе го вашето тело за жешка вечер. Нека биде вашата кожа мазна, мека и миризлива. Изгаснете ги сите светла и запалете многу мали свеќи кои ќе му го осветлуваат него патот од влезната врата до собата во која ја планирате вашата средба. Земете неколку парчиња облека и оставете ги како траги кои ќе водат до вас (градникот оставете го последен). Облечете се во секси гаќички и легнете во креветот. Кога тој ќе стигне до вас, сигурно ќе гори од страст.Чекањето ќе ве возбуди и вас. Ќе посакате тој веднаш да пристигне и да ве пронајде.