ПЕТОК, 22 ФЕВРУАРИ 2019

7 „здрави“ комбинации што можат да ви го уништат здравјето

Дури и мало дете знае дека комбинацијата на грав и минерална вода може да предизвика несакани резултати. Сепак, постојат голем број на други комбинации на храна кои можат да имаат лошо влијание врз вашиот систем за варење. Прочитајте кои се тие.

post cover photo

Сендвич + кафе 

Кога немате многу време на распологање, брзиот и готов сендвич секогаш ви се чини како одличен избор, а ако вашиот омилен сендвич е сендвичот со кашкавал и сирење во комбинација со кафе, тогаш кажете им збогум на сите хранливи состојки кои се содржат во седнвичот. Едноставните јаглехидрати кои се состојат во лебот го спречуваат правилното варење на храната и влијаат врз нервниот и кардиоваскуларниот систем. Кога ќе додадете и инстант кафе, тогаш вашето здравје воопшто нема да има корист. 

Совет: ако навистина обожавате сендвичи, тогаш обидете се да го замените кафето со бел или зелен чај. 

Домати + краставици

Ова е најпопуларната летна комбинација за здрава салата. Меѓутоа, најновите истражувања покажуваат дека комбинирањето на овие два зеленчуци ги нарушуваат биохемиските патишта на вашето тело. Ова може да предизвика прекумерна калцинација и оток, а витамините нема да се сварат правилно.

Совет: јадете домати и краставици одделно. На пример, денес можете да направите салата со домати, а утре - салата со краставици.

Компир + месо

Кој може да одолее на стек и компирчиња, но за жал ова е многу тешка комбинација на храна. Скробот содржан во компирите бара алкалотични дигестивни течности, а протеините во месото бараат кисели течности, па комбинирани заедно имаат штетно влијание врз организмот. 

Совет: следниот пат наместо компир, искомбинирајте го месото со некој здрав зеленчук: брокула, аспарагус, карфиол, боранија или тиквички.

Тестенини + мелено месо

Истото резонирање се однесува и на мелено месо со тестенини. Плунковните жлезди произведуваат птилин и амилаза, кои ги трансформираат скробните јаглехирати (тестенини) во едноставни шеќери. Кога едноставните шеќери покриваат протеини (месо), создаваат опасна хемиска смеса што може да доведе до дијабетес.

Совет: Подобро е да се јаде тестенини како посебно јадење. Обидете се да изберете тестенини направени од тврда пченица и да ги комбинирате со сочни билки.

Пиво + кикиритки

Ова е една од најпопуларните комбинации за летно разладување или кога се навива за омилениот тимп. Секој сака да јаде солени кикиритки кога пие пиво. Сепак, храната со висока концентрација на сол не само што е нездрава сама по себе, туку и доведува до дехидратација и ја зголемува веројатноста за уште едно пиво пиво.

Совет: Кога пиете алкохол, чувајте чаша вода покрај себе за да избегнете дехидрација.

Ананас + млечни производи

Киселото овошје ја забавува вашата дигестија работа, особено наутро. Освен тоа, ананасот содржи бромелаин, ензимски состав кој може да предизвика интоксикација кога се комбинира со млечни производи.

Совет: Наместо ананас додадете суви кајсии или сливи.

Банана + млеко

Овој пар стана многу популарен меѓу следбениците на здрав начин на живот, бидејќи може лесно и брзо да се подготви. Сепак, некои нутриционисти веруваат дека овошјето, особено слаткото, треба да се конзумира посебно. Тие остануваат во телото подолго, забавувајќи го системот за варење, особено кога се јаде со друга храна. Што се однесува до млекото, исто така е повеќе здраво да се пие одделно.

Совет: Јадете ги бананите како ужина помеѓу големите оброци.

Име на банер

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com