ЧЕТВРТОК, 29 НОЕМВРИ 2018

Како боите во кои се облекувате ја карактеризираат вашата личност

Боите имаат силно влијание врз начинот на кој ги перципираме работите околу себе. Освен што можат да влијаат на промената на расположението, тие можат да влијаат и смирувачки на нервниот систем или да предизвикаат чувства на возбуда. Боите имаат особено силно влијание врз дизајнот, така што постои посебно научно поле за изучување на боите и поврзаноста на луѓето со боите и нијансите.

post cover photo

Црна

Црната боја е боја која означува сериозност и класика. Според истражувањата направени во областа на психологијата, црната боја се смета за симбол на престиж, моќ, сериозност и интелигенција. Затоа, при многу европски универзитети, облеката за дипломирање е со оваа боја. Луѓето кои преферираат да се облекуваат во црна облека се амбициони и истовремени чувствителни. Иако се обидуваат ја скријат својата емоционална и сензитивна страна, сепак таа е присутна.

Кафеава

Кафеавата боја е бојата на земјата, цврста и стабилна. Токму за цврсти и стабилни се сметаат луѓето кои често се облекуваат во кафеавата боја и нејзините нијанси. Овие луѓе се и малку конзервативни, ги почитуваат постарите и секогаш трагаат по мир, стабилност и издржливост во нештата. Жена облечена во кафеав фустан или маж облечен во кафеав костум оставаат впечаток на интелигентни и разумни луѓе.

Сина

Сината боја е бојата која се препорачува доколку сакате да оставите да изгледате полни со самодоверба и е одлична опција доколку се подготвувате за интервју. Можеби сте забележале, а можеби и не, но голем дел од работните униформи се во сина боја. Според истражувањето на научниците на Универзитето на Британска Колумбија потемните нијанси на сина боја имаат смирувачки ефект, а сината боја ја поврзуваат со интелигенција, доверба, ефикасност и смиреност.

Зелена

Научниците од Универзитето во Амстердам велат дека зелената боја означува добра средина и добро расположение, а основата на оваа теорија се базира врз основа на своојата поврзаност на зелената боја со природата, што поттикнува мир и среќа. Луѓето кои преферираат зелена облека водат активен живот, живеат во добра пријателска средина и тие имаат финансиска стабилност. Тие исто така имаат добро и дарежливо срце.

Виолетова

Во минатото, оваа боја била бојата во која се облекувало кралското семејство и високото општеството. Виолетовата боја означува софистицираност, богатство и луксуз. Клеопатра ја обожавала оваа боја, а во тоа време само богатите луѓе можеле да си дозволат да купат материјали во оваа боја. Според експертите луѓето кои се облекуваат во виолетова боја се креативни и страствени и ја обожаваат уметноста и мистериозноста.

Црвена

Црвената боја е бојата на страста и моќта. Ако сакате да го убедите или да импресионирате некој, облечете се во црвено. Црвената боја и сите нијанси на црвена се поврзуваат со енергија, движење и возбуда. Психолозите од Универзитетот во Рочестер откриваат дека црвената боја е стимулирачка за мажите и повеќе ги привлекуваат жените кои носат нешто црвено на себе. Обожавателите на оваа боја се интелигентни, лесно се возбудуваат и сакаат да бидат во центарот на вниманието.

Жолта

Жолтата боја е бојата на сонцето, среќата и смеата. Истражувањата покажуваат дека жолтата боја го поттикнува производството на серотонин во мозокот, го забрзува метаболизмот и го подобрува расположението не само кај оној што ја носи, туку и кај сите околу него. Покрај тоа, жолтата боја ја подобрува и концентрацијата и вниманието, па поради тоа и многу билборди и сообраќајни знаци се во оваа боја. Експертите велат дека луѓето кои често се облечени во жолто се активни, креативни и големи авантуристи, подготвени да истражуваат и освојуваат.

Бела

Белата боја е симбол на слобода, чистота, невиност и едноставност. Многу луѓе одлучуваат да носат нешто бело кога почнуваат нешто ново во животот, токму од оваа причина. Оваа боја привлекува доверливи луѓе кои ја сакаат слободата и кои гледаат на позитивната страна од животот. Исто така, овие луѓе се многу организирани во сѐ што прават, сакаат нови почетоци и се стремат кон совршенство. Генерално, белата боја ја носат сите типови карактери бидејќи е неутрална боја.

Розова

Розовата боја е застапник на женственоста. Од барбиките до зрелите жени, нијансите на розови изгледаат прекрасно на секоја жена. Нежната розова боја има смирувачко дејство и се смета за можен седатив. Интересен е фактот што во некои затвори, ѕидовите се со розова боја, со цел да го намалат степенот на агресија. Според психолозите, луѓето кои сакаат да се облекуваат во розово се романтични и позитивни луѓе и најмногу од сѐ, ја почитуваат добрината кај другите луѓе.

 

Портокалова

Портокаловата боја пренесува топли и забавни вибрации. Оваа боја претставува радост, креативност и атрактивност. За луѓето кои често ја носат оваа боја се вели дека оптимисти, енергични и весели луѓе и желни за промени. Иако можат да бидат многу ранливи, сепак се работи за луѓе со големи амбиции.

Сива

Не е ниту темна, ниту светла. Стилистите велат дека сивата боја е бојата на баланост, а луѓето во чиј гардеробер преовладува оваа боја се смета дека сакаат да останат невидливи и незабележани. Но, сивата боја и нејзините нијанси исто така симболизираат зрелост и смиреност, па затоа многу средновечни мажи и постари жени избираат костуми со оваа боја. Бидејќи се работи за неутрална боја, тешко може да се опише личноста која ја обожава и носи оваа боја, но во повеќето случаи луѓето кои носат сиво не сакаат да привлечат многу внимание и сакаат да останат неутрални.

 

© ladybook.mk Сите права се задржани. 

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk

Bella prolet 19

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com