ВТОРНИК, 19 ЈУНИ 2018

Каде да патувате во јуни: градови кои треба да ги посетите

Јуни е одличен за патување, па затоа искористете ја втората половина од месецот за да посетите некој од овие прекрасни градови. Секоја можност да заминете некаде, барем на 3 дена, искористете ја бидејќи ќе ве исполни со позитивна енергија и ќе биде одлично освежување за вашиот ум. 

Европа крие неверојатни места кои чекаат да ги истражувате, па зошто тогаш да не поминете еден викенд во некој од прекрасните градови. 

Амстердам, Холандија

Амстердам се смета за еден од најубавите градови во Европа. Доколку сакате да заминете на посвежо место, овој град е идеалниот избор. Прекрасната архитектура ќе ве остави без здив, а амстердамските канали ќе ве воодушеват уште повеќе. Чувствувајте се како жител на градот и изнајмете велосипед, со кој ќе можете да искусите повеќе од тоа што Амстердам го нуди. Дури и ако го посетите на само неколку дена, можете да почувствувате од прекрасната атмосфера во повеќе делови од градот. Не заборавајте да ги посетите музеите на Ван Гог и Ана Франк, да доживеете неверојатно искуство во „Heineken Experience“ и да направите уникатна фотографија пред Rijksmuseum. Доколку имате повеќе време, не пропуштајте ја можноста да го посетите местото Zaanse Schans, каде ќе можете да видите како се изработуваат познатите холандски кломпи, а исто така ќе можете да ги дегустирате нивните прекрасни сирења.

Бриж, Белгија

Уште едно посвежо место, кое е идеалниот избор за да избегате од високите температури. Доколку сакате да се опуштите на неколку дена, но не сакате да бидете дел од метежот на познатите европски метрополи, тогаш Бриж ќе ви помогне вистински да уживате. Одлично пиво, превкусни чоколади и средновековна архитектура која воодушевува! Потребни ли се повеќе причини зошто да го посетите Бриж? Додека го истражувате градот, ќе најдете голем број на пабови и продавници, каде можете да пробате од најдобрите пива и чоколади, за кои дефинитивно ќе сметате дека се највкусни на светот. 

Венеција, Италија

Бидете дел од романтичната ренесанса! Викенд во Венеција, значи викенд од соништата. Овој италијански град шири посебна енергија, која треба да ја почувствувате. Секој што бил во Венеција си заминува со прекрасни спомени и позитивни впечатоци. Бидете и вие дел од бајката на венецијанците, пловете со гондола по каналите и уживајте во прекрасниот поглед. Уживајте во локалните кафулиња, пробајте од вкусните кафиња и сладолед и посетете ги скриените уметнички продавници. Не напуштајте го овој град без да купите од традиционалните маски. Се претпоставува дека Венеција за неколку години ќе исчезне, па затоа побрзајте и посетете ја овој месец.

post cover photo

Ница, Франција

Ако сте од оние кои сакаат да уживаат покрај море, тогаш викендот наменет за патување поминете го во Ница. Градот на Азурниот брег секоја година е омилено место за љубителите на шетањето. Покрај тоа што можете да уживате покрај Средоземното море, Ница нуди многу други можности за задоволство. Градот е исполнет со преубави градби, а стариот дел од градот дефинитивно ќе ве маѓепса. Задолжително искачете се на тврдината, бидејќи погледот е вреден милион долари. Доколку сакате повеќе да се вклопите во атмосферата во Ница, тогаш одвојте време за трчање или возење велосипед на кејот, уживајќи во мирисот на морето. Вашиот викенд разубавете го и со прошетка до Кан и Монако.

Порто, Португалија

Не сакате гужва и атрактивни туристички места? Порто е совршеното место за вас. Прекрасен град, кој на најдобар начин го покажува португалскиот шмек. Иако е мал, совршен е за викенд уживање, особено за заљубени парови. Во Порто дефинитивно треба да ги пробате сите специјалитети, а најмногу ќе ве воодушеви нивната морска храна. Вечерните часови поминувајте ги во дегустирање на вина и уживајте во пријатната, топла атмосфера. Лисабон се наоѓа на само три часа, па затоа искористете да го посетите овој главен град, а кога веќе одите до Лисабон, тогаш посетете ги и неверојатните замоци во Синтра.

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com