ЧЕТВРТОК, 21 ЈУНИ 2018

Совети од блогери: како да патувате евтино и често

Постои ли нешто позабавно од патувањето и откривањето нови култури? Сигурно и вие „завидувате“ на оние прекрасни фотографии од различни туристички атракции низ светот кои ги споделуваат блогерите кои постојано патуваат. Тие фотографии навистина будат голема желба за чести патувања, но за жал буџетот не може да го овозможи тоа. Добрата вест е што постојат начини кои можат да ви помогнат да патувате почесто и за помалку пари. Овие совети од познати блогери ќе ви помогнат да ја задоволите вашата потреба за чести патувања на различни локации.

post cover photo

Сместувањето нека ви биде во хостел

Ова е одличен совет за евтино и често патување. Една од работите која луѓето кои често патуваат ја прават е сместување по хостели. Хотел со 5 ѕвезди? Заборавете на тоа. Тие се наменети за оние кои одат на одмор еднаш во годината и сакаат максимално да се релаксираат. Ако вашата цел е повеќе да шетате и да истражувате различни места, тогаш хостелот е одличен да ги задоволи вашите потреби. Кога сакате да патувате често, а немате огромен буџет, тогаш хостелите се единствениот избор. Исто така, хостелите се одличен начин да запознаете нови пријатели и да разменувате искуства со другите луѓе кои често патуваат. Атмосферата најчесто е возбудлива и покрај тоа што потребно е собата да ја делите со странец, но тоа е интересната страна во ваквите патувања. Бонус: хостелите многу често имаат бесплатна храна.

Сместете се во алтернативно место

Дали знаевте дека некои луѓе го шетаат светот, а воопшто не плаќаат за сместување? Некои дури не плаќаат ни за хостели! Како го прават тоа? Постојат повеќе начини. Couch surfing е популарна веб-страница која им дозволува на луѓето да го понудат својот кауч на една или повеќе вечери. Тоа е одличен, евтин начин кој им помага на луѓето да патуваат, иако често знае да биде многу неудобен. Исто така, секогаш кога во некоја земја имате личност која ја познавате, не срамете се да ја замолите да престојувате кај неа. 

Истражувајте

Друг одличен совет за евтино и често патување е да направите добро истражување. Доколку не истражите многу лесно може да се случи за еден оброк кој чини 7 евра на едно место, вие да го платите 25 евра на друго. Затоа, направете истражување за тоа каде јадете и да пазарувате потребни работи, со цел да избегнете непотребно трошење на повеќе пари. 

Работа во хостели

Сигурно веднаш помислувате на тоа дека одите на патување за да уживате, а не за да работите. Сепак, вие не одите на одмор, туку одите да патувате. Постои разлика. Голем број од луѓето за да направат нивното патување да трае подолго одлучуваат да работат, бидејќи буџетот не може да им дозволи продолжување на патувањето. Најчесто тие одбираат да работат во хостел, како на пример чистење, средување на собите или работа во барот. Оваа работа е одлична идеја бидејќи е флексибилна, а може да овозможи и бесплатно сместување.

Патувајте вон сезона

Многу подобро ќе поминете доколку патувате вон сезона. Кога во одредено туристичко место е сезоната, тогаш цените се повисоки, а исто така има многу повеќе туристи и метеж. Секако дека не сакате да патувате кога е изгор скапо и кога не можете да се сликате со знаменитостите без непознати лица да ја „украсуваат“ фотографијата. Затоа, бирајте период вон сезона и уживајте во пониски цени и град резервиран само за вас. 

Изнајмете автомобил

Да, веднаш ќе речете како да патувам евтино и да изнајмам автомобил кога тоа е скапо. Но, треба да знаете дека во голем број земји изнајмувањето автомобил е навистина евтино и поисплатливо од секојдневното користење на јавниот превоз. Истражете за оваа опција, особено кога вашето патување се состои од секојдневно патување на различни места. 

Внимавајте сместувањето да ви биде со кујна

Доколку не сакате хостел, тогаш советот е да изнајмите место коешто има кујна. Денеска е многу лесно да се најдат одлични сместувања преку AirBnB и Booking, па затоа секогаш барајте некое со кујна. Кујната ќе ви помогне да заштедите многу пари, бидејќи ќе можете да купувате евтини намирници од маркети, со кои ќе подготвувате оброци дома. Кога сакате да патувате почесто, тогаш ќе мора да се помирите со фактот дека не може постојано да дегустирате специјалитети во различни ресторани.

Заборавете на сувенирите

Голем број на луѓе последниот ден од патувањето го поминуваат во купување на сувенири, бидејќи едноставно не може да се вратите дома без никаков спомен. Да, тие работи делуваат евтино, но кога купувате повеќе пресметките покажуваат дека непотребно сте потрошиле многу пари за работи кои на крајот завршуваат во некој агол од вашиот дом собирајќи прашина. Доволно е да купите мал магнет или разгледница, која секогаш ќе ве потсетува на тоа убаво патување. 

Правете резервации однапред

Последниот совет е секогаш да ги резервирате билетите и сместувањето колку што можете порано. Доколку планирате да патувате во јуни, тогаш направете резервации неколку месеци порано. Но, не правете го тоа само за сместувањето и превозот до таму, направете резервации и купете билети однапред за јавниот превоз, музеите и другите места кои сакате да ги посетите. 

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Bella prolet 19

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com