СРЕДА, 18 ЈУЛИ 2018

Инспирации за патување од Инстаграм: фотографии кои ќе ве натераат веднаш да букирате карта

Денеска со тоа што сите имаме паметни телефони, со добри камери, мора да признаеме дека уживаме во улогата на фотографи. Неизбежен дел од секое патување е фотографирањето со туристичките атракции, а како наше портфолио секогаш го користиме Инстаграм. Додека се трудиме да се пофалиме со направените фотки и да покажеме колку нѐ бива, другата страна на објавувањето е со цел да ги инспирираме и останатите да го посетат и да ги доживеат убавините на местото каде што сме биле.

Секојдневно на Инстаграм гледаме преубави фотографии од локации кои веднаш ги додаваме на нашата листа за места кои мора да ги посетиме. Па поради тоа што оваа социјална мрежа е секогаш извор на инспирација, одвоивме неколку места низ Европа, кои по прекрасните фотографии кои ги видовме, сметаме дека и вие веднаш би сакале да ги посетите.

Париз, Франција

Дефинитивно број еден избор за сите кои се вечни романтичари и кои сакаат да уживаат во вкусна храна и најдоброто вино. Замислете си само сега, како седите, уживате на сонцето, со поглед кон Ајфеловата кула, а во раката држите чаша од највкусното вино на Франција... сон од кој не сакате да се разбудите. Париз отсекогаш бил главна атракција, па доколку досега не сте ја почувствувале магијата на градот, не чекајте премногу и веднаш организирајте патување. На Инстаграм едни од најубавите фотографии се од Париз, па не е ни чудо што толку сме инспирирани да го посетиме.

 

A post shared by Paris (@topparisphoto) on

Синта, Португалија

Сакате да се чувствувате како во бајките? Дефинитивно треба да го посетите градот Синтра. Зборовите не можат да ги опишат волшебните чувства кои ве обземаат додека гледате во неверојатните замоци скриени во ова гратче. Фотографиите се доказ дека Синтра крие неверојатни убавини, а кога малку повеќе ќе истражите за ова место, нема да престанете да размислувате за тоа како и кога да го посетите. 

 

A post shared by ISA 🧜🏻‍♀️ (@isaroomi) on

Порто, Португалија

Уште едно место на кое по фотографиите на Инстаграм нема да можете да му одолеете. Изгледа дека Португалија е навистина една од најубавите земји во светот. Порто е неверојатно шармантен град и е вистинска рефлексија на португалската култура некогаш и денес. Град со совршени мириси кој прави уште толку да се вљубите во него. Одлична идеја за наредно патување? Порто и Синтра!

 

A post shared by Cizerone (@cizeronechannel) on

Барселона, Шпанија

Сега ќе отидеме до соседната земја, бидејќи секојпат кога ќе видиме повторно фотографија од Барселона на Инстаграм, повторно ни се враќа прашањето во глава „Кога повторно ќе го посетам овој прекрасен град?“. Ви се случува ли и вам истото? Доколку досега не сте имале можност да ја видите Барселона, верувајте многу сте пропуштиле. Мултикултурен град, со весела атмосфера и шарени градби кои едноставно мамат насмевки на вашето лице. Пријатна клима, која дополнително ве шармира и ви помага потполно да уживате во задоволство при истражувањето на интересните улички.

 

A post shared by Sofi Fil 🐿 (@sonchicc) on

Прага, Чешка

Град кој во вас буди чувства поразлични од сите останати. Мистериозноста на Прага ја буди вашата љубопитноста за повеќе истражување на тајните кои ги крие. Прекрасната архитектура ви овозможува да го почувствувате минатото и прави да се чувствувате како да чекорите во друга реалност. Особено, кога ќе го погледнете градот од височина, ќе се воодушевите од златниот сјај на Прага.

 

A post shared by Prague every day ♡ (@praguetoday) on

Копенхаген, Данска

Пријатен и релаксирачки град кој сигурно би сакале да го посетите. Тука ќе почувствувате една поинаква култура, што дури ќе се зачудите како луѓето можат да живеат толку опуштено и смирено. Убавината на Копенхаген веднаш ќе ве освои, а од градбите во различни бои едноставно нема да можете да се заситите. Град со канали и острови, кои ќе уживате додека ги истражувате.

Единбург, Шкотска

Уште еден магичен град кој освојува на прв поглед. Градби кои ја раскажуваат историјата и едноставно ве повикуваат за да ви го откријат минатото. Додека чекорите низ Единбург ќе се чувствувате како да сте во едно друго време и дефинитивно секој момент поминат тука засекогаш ќе остане врежан во вашите сеќавања. Фотографиите од овој град едноставно прават да „жалите“ што во моментот не сте таму.

 

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

10 години Излет и отворање на летно Сектор 909

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com