ВТОРНИК, 24 ЈУЛИ 2018

Сезона на лавови - подраматична од кога било

Започна сезоната на лавовите. Сите припаднички на овој хороскопски знак нека се подготват, бидејќи ова е вашиот период од годината кога најмногу доминираат. Во наредните четири недели, светот е вашата модна писта и секое место е само уште една можност да уживате во центарот на вниманието. Периодот кој следува е одличен за романси, многу забави и дружење со пријателите. Секако, не заборавајте на вашата кариера, бидејќи токму сега може да имате можност за посакуваниот успех.

Зошто оваа сезона може да биде подраматична од кога било?

post cover photo

Меркур ретроградно влегува во лав од 26 јули до 19 август

Три пати годишно, планетата на податоците, комуникацијата и транспортот, ја поминува орбитата на Земјата, создавајќи илузија дека се движи наназад на небото. За време на овие годишни циклуси, Меркур изгледа како да прави сѐ наопаку. Телефонот го губите во такси и трошите часови за да го најдете, интернет мрежата е слаба во моментот која најмногу ви треба, се појавуваат луѓе од минатото кои создаваат непотребен немир... Меркур навлегува во зоната на лавот и носи дупла доза драма.

Во овој предизвикувачки период ќе ја почувствувате тенката линија помеѓу „доволно“ и „може повеќе“. Добро е да го следите советот на кралицата на знакот лав, Коко Шанел, која советуваше дека секогаш е подобро да се отстрани еден моден додаток пред да се напушти домот. Ова правило практикувајте го за сѐ. Ако зборуваме за љубовниот живот, внимавајте да не претерате со пораки веднаш по првиот состанок со личноста која ви се допаѓа и не давајте „помошни совети“ за време на интимните моменти. Ако сакате да разговарате за проблемите во врската, одредете момент кога и двајцата сте релаксирани, не правете го тоа 10 минути откако сте излегле од стресен состанок. Поранешните партнери ќе имаат чуден начин за да се појават во овој период, затоа подобро ќе ви биде да ги ставите на игнор.

Две помрачувања во текот на сезоната на лавот

Втора година по ред, сезоната на лавот се поврзува со сезоната на затемнувања. Полната месечина на 27 јули е помрачување на месечината, додека пак на 11 август е делумно помрачување на сонцето. Помрачувањата откриваат сенки, можете да видите работи кои претходно биле блокирани или скриени од вашиот поглед. Опуштете се, овој период можеби ќе ви донесе промени, кои ќе бидат најдобрите досега. Особено, помрачувањето на месечината може да ви открие неверојатни групи на луѓе или да ве приклучи на социјалните дружби, додека пак другото помрачување повеќе ќе направи романтична револуција.

Не чекајте, помрачувањата траат кратко, затоа е важно да делувате брзо. Оние кои одмарале подолг период, сега нека ја искористат можноста за промена. Бидете спремни, промените ќе се случуваат брзо. Ситуациите можат да излезат од контрола, во некои случаи против вашите емоционални желби. 

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com