Диета - 5 букви и бесконечен број на опции низ историјата. Вистината е дека секоја девојка и жена во текот на својот живот помислува на тоа да држи диета, со цел „полесно“ да ги намали килограмите, а поголемиот дел од случаите на крајот испаѓа дека само останува беспотребно да гладува. Кога се одлучувате на ваков чекор, да се посветите на држење диета, потребно е првин да се консултирате со стручно лице, бидејќи голема е веројатноста диетата не само да ги намали килограмите, туку да придонесе и за тоа да завршите со здравствени проблеми.
Во океанот полн со безброј диета, потребно е да ја одберете онаа која нема да ви наштети. Во последно време навистина е популарна 5:2 диетата и на сите страни читаме како ја форсираат, па затоа одлучивме да истражиме и да дознаеме за што станува збор. Велат дека е диета која помага во намалувањето на килограмите, без ризик од појава на болести. Сигурно и вие сте љубопитни.
5:2 диетата подразбира наизменично постење, но не плашете се тоа не значи дека ќе останете без храна. Принципот е јадење нормална количина на храна 5 дена во неделата, а другите два дена го намалувате количеството на калории. Останатите два дена калориите треба да бидат 500 за жени и 600 за мажи.
На овој начин телото не доживува стрес од диетата постојано и не складира вишок калории. Во деновите кога „гладувате“, организмот гори сѐ што јадете на деновите кога не постите.
Внимавајте во нормалните денови да не се прејадувате. Откажете се од печива, брза храна и храна која содржи ногу шеќери. Подобро е да преферирате храна со нула калории и ниско-масна храна. Во спротивно нема да имате резултати. Исто така, внимавајте да не дојдете во ситуација да јадете премногу малку. Јадете колку што сакате, но тоа нека биде здрава храна.
Ако планирате мени и време кога да јадете однапред, ќе се чувствувате повеќе самоуверени. Поделете ја храната во 2-3 оброка во деновите за постење. Препорачливо е двата дена да бидат еден по друг и да поминат 12 часа од последниот оброк навечер до првиот оброк наутро.
Важно е да внесувате сѐ што му е потребно на организмот - минерали, протеини, јаглехидрати и масти. Оброците треба да бидат балансирани. За деновите кога постите бирајте соодветни намирници: ниско-масно месо и риба, белки од јајца, овошје со малку шеќер, сирење, јогурт, салати, варено месо, зеленчук и бобинки. Не заборавајте да пиете доволно вода, ќе ви помогне да избегнете дехидрација, умор и главоболка. Исто така може да бидете хербален чај. За да постигнете подобри резултати, започнете со рутина за вежбање. Важната работа е да не вежбате премногу напорно во деновите кога постите.
Ако практикувате 5:3 диета неколку недели, но не губите килограми, тогаш пробајте 4:3. Ако пак губите повеќе килограми од што треба, тогаш префрлете се на 6:1 диета. Откако ќе ја постигнете посакуваната тежина вратете се на обичната исхрана.
Секако, не заборавајте пред да започнете да се консултирате со вашиот лекар.
© ladybook.mk Сите права се задржани.
Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.