ВТОРНИК, 27 НОЕМВРИ 2018

Мудри изјави за животот кои ќе ве издигнат и инспирираат

Следните изјави за животот се специјално избрани за да ве инспирираат во животот и исполнат со позитивна енергија. Некои се многу едноставни и интересни, но сите имаат една заедничка цел, а тоа е да ве ви помогнат да чекорите по правилниот пат на животот и да ги исполните вашите цели.

post cover photo

Лузната е местото каде светлината навлегува во вас. - Руми

Оваа изјава е особено корисна во оние периоди во животот кога поминуваме низ некои од нашите најтешки моменти и ни помага да запамтиме дека лузните можат да заздрават и искуството во текот на заздравувањето може да нѐ однесе на патот кон просветлувањето и да нѐ направи сосема друга личност. Секое искуство нѐ прави посилни, позрели и посвесни за животот. 

Секогаш сонувај и нишани повисоко отколку што мислиш дека можеш. Не настојувај да бидеш подобар од конкуренцијата. Биди подобар од она што си сега. - Вилијам Фолкнер

Авторот на оваа изјава има добиено Нобелова награда и е еден од најпрочуените Американски писатели. Оваа фраза може да се примени за различни случки во животот. Да бидеме подобри од она што сме сега е нешто коешто треба да ни биде главна мотивација во животот.

Јас не сум она што го имам преживеано во животот. Јас сум она што одбирам да бидам. - Карл Јунг

Моќни зборови од таткото на аналитичката психологија. Многу од нас се заглавуваат во минатото и дозволуваат тоа да нѐ обликува нас и нашиот карактер, како и нашата иднина. Ние не сме она што го имаме преживеано, оваа изјава нѐ советува да го оставиме минатото позади нас и да се фокусираме на иднината, и да се ослободиме од менталниот затвор во кој нѐ донеле разните искуства. 

Празни џебови не забавиле никого во животот. Празни глави и празни срца го прават тоа. - Норман Винсент Пил

Сите понекогаш наоѓаме изговори зошто не можеме да си ги исполниме соништата бидејќи немаме доволно финансиска поддршка или време. Ова е многу честа појава кога се работи за отворање на нови бизниси и слично. 

Вистината е дека недостигот на правилно размислување и внесување на срцето во донесување на одлуките е она што нѐ влече наназад. Ако се има желба, се има и начин.

Или ќе се насочиш кон созревање во животот или константно ќе се враќаш во сигурната зона. - Абрахам Маслоу

Најлесно е во животот да останеме во зоната каде што се чувствуваме најсигурни, тоа е и некој природен човечки инстинкт, каде се затвараме во место каде се чувствуваме најсигурни и најсреќни, никогаш не превземајќи никакви ризици. Но таа зона е местото каде што прогресот во животот воопшто не е опција, новите искуства се ретка појава и ние не созреваме ментално. Растењето е секогаш движење напред.  

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

10 години Излет и отворање на летно Сектор 909

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com