Последните години почнаа постојано да се снимаат нови филмови според цртаните на Дизни. Тоа е навистина голема радост за нас, Дизни фановите, кои сакаме да се потсетуваме на омилените цртани од детството. За 2019 година е најавена премиерата за филмот „Аладин“, а сега можете да го погледнете првиот трејлер.
Сигурно се сеќавате на момчето кое лета на волшебен килим... Нетрпеливи сме да видиме како сите интересни настани од цртанот ќе бидат претставени во филм. Главна улога во филмот е актерот Мена Масуд, кој мора да признаеме дека одлично одговара за улогата на Аладин. Но, која актерка ќе се најде во улогата на Јасмин? Останува да дознаеме.
Погледнете го трејлерот:
© ladybook.mk Сите права се задржани.
Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.