СРЕДА, 17 ОКТОМВРИ 2018

Изгледајте извонредно како парижанките - 5 модни тајни кои треба да ги знаете

Кога помислуваме на врвна елеганција и беспрекорен стил, секогаш прв на памет ни паѓа изгледот на парижанките. Париз можеби не е единствениот и главен моден центар, но дефинитивно се разликува од останатите градови. Едноставни, безгрижни, шик, совршени, стилизирани, класични, елегантни... парижанките секогаш изгледаат неверојатно.

post cover photo

Зарем не би сакале и вие секогаш да изгледате одлично, а притоа да не вложувате премногу труд, време и пари? Парижанките сигурно не би се налутиле доколку украдете некои од нивните модни тајни, па затоа почнете да го практикувате тоа што тие го прават за да го негуваат својот стил.

Кога бирате штикли, бирајте модели со ниски потпетици

Парижанките ги сакаат штиклите, особено поради тоа што тие го негуваат нивниот препознатлив едноставен и елегантен стил. Но, сепак овие дами никогаш не одбираат високи потпетици, бидејќи во нив е тешко да се чекори. Важна е практичноста, а тоа значи балетанки, еспадрили, чевли, сите со ниска потпетица. Мора да признаеме дека ваквите модели на чевли се апсолутен тренд во последно време, а тоа уште еднаш го потврдува фактот дека парижанките знаат што прават со својот стил.

Бидете среќни со тоа што го имате

Секоја дама има различна форма на тело. Некои дами се повисоки, некои пониски, некои имаат манекенска градба, а некои имаат повеќе облини. Без разлика на тоа какво е вашето тело, важно е да го сакате и да го прифатите какво што е. Сакајте се себеси, прифатете ги своите недостатоци и врз основа на тоа изградете свој стил. Парижанките постојано го прават тоа, а добро е да го следите нивниот пример. Ако имате убави долги нозе, тогаш истакнувајте ги со вистинските модели на панталони и здолништа и заборавете на тоа што околу половината имате „вишок“. Важно е да бидете негувани, здрави и стилизирани, во согласност со вашата фигура. Убавината и префинетоста доаѓаат однатре, а кога сте задоволни со себе, тогаш енергијата со која зрачите е неверојатна.

Заборавете на „skinny jeans“

Парижанките ги обожаваат фармерките, но треба да знаете дека не ги поддржуваат тесните модели. Тие ги избегнуваат поради тоа што сметаат дека не ласкаат на нивната фигура. Без разлика на тоа какво е вашето тело, веројатноста е голема дека подобро ќе ви стојат фармерките со рамни или малку широки ногавици. Пробајте и ќе се уверите!

Носете бои, но не претерувајте

Да, парижанките наметнуваат високи модни стандарди, но ништо од тоа не е недостижно. На пример, кога станува збор за боите, ако сакате да го постигнете нивниот изглед, тогаш не плашете се да ја раширите палетата на бои. Важно е само паметно да ги комбинирате, односно никогаш да не носите повеќе од три нијанси во една комбинација. Воопшто не е тешко, а резултатот е феноменален.

Инвестирајте паметно

Парижанките се познати по својата вонвременска елеганција и тоа дефинитивно не е клише. Тие паметно купуваат и секогаш во својот плакар имаат квалитетни, класични парчиња, кои нема да се уништат по неколку перења и кои нема да престанат да бидат модерни по само неколку месеци. Тоа значи, потребни ви се парчиња кои се класика, а не тренд кој брзо поминува!

bella.mk

 

© ladybook.mk Сите права се задржани. 

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Bella prolet 19

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com