Имајќи предвид дека октомври е месец на хоророт, погледнете ја во прилог листата на стари и нови хорор филмови кои можете да ги погледнете на Netflix.
Еден од најпознатите филмски остварувања, Џек Торенс повторно се враќа на Netflix, што значи љубителите на хорор филмовите имаат можност повторно да го гледаат еден од најдобрите хорор филмови на сите времиња.
Инспириран од позната епизода на „The twilight zone” приказната започнува со 6 странци кои се заробени во лавиринт од чудни коцкести соби со смртни стапици во нив. Обидувајќи се да излезат, затворениците мора да соработуваат со цел да го пронајдат излезот.
Кога постариот брат на Џејк ќе се удави, таа е решена да стори сѐ за да го врати назад. Наскоро таа среќава тројца непознати мажи во блиската шума кои ѝ кажуваат дека доколку таа го бутне Вили, момче кое е заљубено во неа, тие ќе го повратат Шон меѓу живите. Со специфичниот наратив овој филм ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.
Ова е вистински погодок за сите љубители на хорор филмови каде главниот негативен лик е кловн убиец.
Овој Netflix филм, беше вистинско изненадување за 2017 година. Никој не очекуваше многу од филмот со Бела Торн во главната улога кој не можеше да добие датум за кино премиера, меѓутоа овој тинејџерски филм со својот дух во стил на осумдесеттите хорор филмови е одлична забава за помладата популација.
Духови, језиви близнаци, фамилијарни тајни. Сето тоа ќе го најдете во оваа приказна заедно со интересни заплашувачки моменти.
Доколку The Shining ви е премногу, а сте љубители на Стивен Кинг и приказната каде го согледуваме главниот лик како постепено го совладува лудилото тогаш ова е вистински погодок за вас. Главниот лик Вилфред Џејмс го губи контактот со реалноста откако ќе ја убие својата жена со цел да ја задржи земјата што ја поседувала за себе.
Семјуел Л Џексон и генетски модифицирани ајкули? Дефинитивно да.
Нискобуџетен култен филм. Интелигентна, смешна но сепак пред сѐ страшна приказна за тинејџерката Дон која открива дека има заби во вагината кои реагираат на насилни влегувања.
Ако сакате добар (или лош) филм со ајкули тогаш погледнете го 47 meters down со Менди Мур во главната улога.
Јужнокорејски филм кој за кратко време се вбројува во најдобрите модерни хорор филмови. Од како главниот лик ќе се качи на воз за Бусан, започнува зомби апокалипсата. Сѐ со цел да се спасат, главниот лик и неговата ќерка ќе мора да стигнат до прва класа вагонот борејќи се со голем број на зомбиња.
© ladybook.mk Сите права се задржани.
Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.