ПОНЕДЕЛНИК, 29 ОКТОМВРИ 2018

„ПОДАРЕНИ ДЕЛА ОД ЧЕХОСЛОВАЧКА“ - 100 години од формирањето на ЧЕХОСЛОВАЧКА

(од колекцијата на НУ Музеј на современата уметност-Скопје)

post cover photo

Во една вака иницирана поставка односно селекција реално се наметнуваат некои правила поттикнати од проблемските блокови на невообичаената презентација. Веднаш се отвора и се профилира дилемата - зад што стои организацијата на оваа изложба, кога во самиот почеток е прифатен конвенционалниот често применуван наслов „Подарени дела од Чехословачка“, а истовремено се инфилтрира една „игра“ чии податоци главно имаат определени историско-политички димензии. Затоа можеме да се дистанцираме од нив бидејќи за нас, сепак, се поважни уметничките аспекти. Сепак, акцентот е ставен на годината кога е формирана заедничката држава Чехословачка, 1918 година што значи годинава е 100-годишнина, но не како заокружена прослава на бившата заедничка држава, бидејќи во 1993 година по мирен пат тие се разделија (Чешка и Словачка).

Во сите наброени околности најбитно е што изложбата е предизвик на отворање на можноста за анализа на повеќе моменти. Би започнале со оние што логично се врзани за последните децении на минатиот век. Тие ги третираат социополитичките промени во Европа, годиништо влијаеа врз уметноста и културата генерално. Во оваа смисла елаборацијата се темели врз историскиот однос Исток-Запад, што неминовно ги маркира перспективите на затекнатите состојби.

Со намера поцелосно да ги допреме уметничките настани во овие сега одвоени држави неопходно е да се земат предвид сите фази и реални процеси на развојот на повеќе генерации на модерните, но и на современите уметници. Оваа констатација нè оддалечува од симплификуваните работи, од онаа современа продукција што ги следи политичките реформи. Познавајќи ја релативно реалната историска ситуација на Чехословачка, особено наметнатоста кон мистифицирање на односот на официјалната уметност и на државните институции во периодот на владеењето на комунистичкиот режим неминовно се вклучи и т.н. алтернативна, неофицијална уметност што го иницираше централниот мотив на појавените преобразби. Во периодот на очекуваната транзиција и одбегнувањето на директната конфронтација со советскиот режим, особено за време на Прашката пролет 1968 год. (се одбележува и нејзината 50-годишнина) Националната галерија во Прага се реши да одвои важен дел од сопствената релевантна колекција (12 дела), за да ја дополни тогаш младата колекција на МСУ, Скопје. (денес во колекцијата се наоѓаат 265 дела од 92 автори од Чехословачка).

ПР текст

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com