СРЕДА, 14 НОЕМВРИ 2018

Белинда Казим-Камински - Филмска проекција и разговор

Во четврток, на 15-ти ноември со почеток во 20:00 часот, во Кино салата на Музејот на современата уметност во Скопје, ќе се одржи проекција на два краткометражни филма и разговор со Белинда Казим-Камински, уметница, истражувачка и писателка од Виена. Нејзин фокус на интерес се сеќавањето, траумата и црната радикална имагинација. Во моментот таа е докторски кандидат на PhD-in-Practice програмата при Академијата за ликовна уметност, Виена.

post cover photo

Во рамки на ова нејзиното прво претставување пред македонската публика, Белинда Казим-Камински ќе не запознае со нејзината истражувачка работа и уметничка практика преку прикажувањето на нејзините два краткометражни филма „Откопување. Во разговор“ (2017) и „Писмото“ (2018), по што ќе следи разговор со публиката.

Работејќи со фотографии кои Пол Шебеста, австриско-чешки мисионер, писател и етнограф, ги направил во поранешниот белгиски Конго (денешна Демократска Република Конго), Казим-Камински во филмот „Откопување. Во разговор“ (13 мин.) се занимава со насилни истории на архивскиот материјал и траумата на колонизацијата. Ставајќи ги во преден план прогонувачките потенцијали на колонијализмот, уметничката влегува во обеспокојувачки дијалог кој преговара за стратегиите на застапеност, за репродукцијата на специфични начини на гледање и за траумата во создавањето на Другиот, овде и сега. Овој филм беше прикажан на значајни меѓународни фестивали меѓу кои: f.e. the Dokfest Kassel, Diagonale, International Filmfestival Rotterdam, International Filmfestival Vancouver, и European Media Art Festival Osnabrück.

Вториот краткометражен филм на Белинда Казим-Камински „Писмото“ од 2018 година (16 мин.) се движи помеѓу видео, перформанс, звук и текст. Таа ја зема како појдовна точка прогонувачката реминисценција на група Западноафриканци во Виена во 19 век. Следејќи ги оставените траги, се отвора шпекулативна анализа на архивските структури и предметите сместени во нив, која укажува на разбирање на минатото, не како минато, туку како почеток за испитување на временските прилики на дијаспората.

Гостувањето на Белинда Казеем-Камински е дел од годишната програма на Проектниот простор Прес ту егзит со наслов „Недисциплинирани форми на знаење“ во рамките на серијата „Предавања, презентации и изложби“ и Меѓународниот симпозиум „Кураторски размени 7: Курирање урбани заедници“.

Програмите на Проектниот простор Прес ту егзит се организирани во партнерство со Музејот на современата уметност Скопје и Контрапункт, Скопје, а поддржани се од Министерството за култура на Република Македонија.

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com