СРЕДА, 28 НОЕМВРИ 2018

Џеси Џеј објави моќна порака за фановите на сознанието дека таа не може да има деца

Џеси Џеј зборуваше за моментот кога докторот ѝ кажал дека не може да има деца.
 
Британската пејачка се претстави со песната „Four Letter Word", која се однесува на неплодност, на концертот во Кралскиот Алберт Хол во Лондон.
„Значи, пред четири години, ми беше кажано дека не можам да имам деца, и тоа е во ред", се слуша нејзиниот глас на едно од Инстаграм видеата на нејзините фанови, каде таа раскажува за нејзиното искуство. „Ќе имам деца, верувајте ми", продолжува да раскажува 30-годишната. „Кога лекарот ми ги кажа новостите, мојата реакција беше: „О, господе не ".
 
post cover photo
 
Пејачката додаде дека не се обидува да предизвика симпатии кај луѓето, туку се обидува да илустрира колку луѓе страдаат од неплодност.
 
„Јас сум една од милионите жени и мажи, кои поминале низ ова и ќе поминат низ ова, и тоа не може да стане нешто што нè дефинира како личности". Таа понатаму објасни како пишувањето на песната што ја пееше за неплодноста ѝ помогна да ја надмине тагата што ја почувствува кога ја прими веста.
 
Но, таа додаде дека исто така ја напишала за да „даде радост и да им даде на другите луѓе нешто што може да го слушаат во тој момент кога станува навистина тешко".
Пејачката ја заврши својата порака, обраќајќи им се на другите луѓе кои биле зафатени од неплодност или загуба на деца, велејќи: „Ве молам, знајте дека не сте сами во својата болка".
 
 
© ladybook.mk Сите права се задржани. 

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk
Име на банер

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com