СРЕДА, 26 ДЕКЕМВРИ 2018

Холивудски урбани и страшни легенди кои би можеле да се вистинити

Холивудсткиот гламур не е секогаш така сјаен. Суштината на овој свет крие голем број на мрачни тајни и вистини кои доколку би се експонирале во јавност би предизвикале хаос и лавина на негативни реакции. Најчесто за некои работи подобро е никогаш да не бидат излезени на виделина. 

Ви претставуваме листа на интересни заговори и урбани легенди кои што уште се тема на разговор. Некои од нив датират одамна, некои се од пред неколку години, но заедничко за сите нив е дека сѐ уште не се решени и дека секој случај си крие некоја вистина во себе. 

Прочитајте ги и споделете го вашето мислење.

Прекривањето на смртта на Пол Мекартни.

Овој член не само што се стекна со светска слава за време на Битлс ерата туку и продолжи со истото темпо заработувајќи милиони од својата соло кариера, па дури и беше почестен со титула од кралицата. 

Теоријата вели дека Пол загинал во тешка сообраќајна несреќа во Ноември 1966 година. Британската МИС била загрижена за реакцијата на масата на фанови кои што би можела да резултира со голем број на самоубиства, па поради тоа одлучуваат да ја прикријат вистината со што на местото на Пол стапува негов двојник. Останатите членови од Битлс не се задоволни од оваа одлука и истите тие имаат оставено тајни пораки во текстовите на нивните песни за нивните фанови да ги дешифрираат.

Џејмс Дин и неговата проколната кола.

Џејмс Дин почина во колата на брзата помош на пат накај болница поради сериозните провреди во пределот на главата, но малку е позната приказната во кои фановите веруваат, а тоа е дека неговата кола била проколната. Делови од оваа кола постојат до ден денес и на многумина од нивните сопственици им има донесено лоша среќа што резултирала со смрт.

Опседнатиот Рузвелт Хотел.

Овој хотел функционира од 1927 година и е именуван по тогашниот Претседател. Покрај што овој хотел е дел од многу списанија поради архитектурата, многумина од гостите што престојуваат тврдат дека имале паранормални искуства во хотелот. Како духови кои престојуваат тука се наведуваат Мерлин Монро, Ерол Флин и мало девојче во син фустан по име Керолин. За најопседнат апартман се смета собата 213 која била предмет на истрага на голем број на детективи.

Тупак е жив и живее во Куба.

Тупак во 1996 година присуствуваше на еден од мечевите на Мајк Тајсон незнаејќи дека тоа ќе биде последното нешто на кое што ќе присуствува. 20 години по неговата смрт, постојат теории дека тој е жив. На интернет кружат многу фотки кои покажуваат матно лице кое би можело да биде тој. Како и да е последните тврдења дека раперот е смирен и живее убав живот во Куба на сите ни ја смируваат душата.

Клетвата на Супермен.

За многумина Супермен е интерпретација на животот, но доколку погледнеме низа на настани што им се случиле на глумци кои го глумеле тој лик нема да го мислиме истото. Оваа контраверзна приказна започнува кога глумецот Џорџ Ривс беше убиен, а потоа следи несреќата на Кристофер Рив со која остана парализиран од врат надоле. Многу други кои работеле не овие филмови исто така се соочиле со трагична смрт.

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com