ВТОРНИК, 19 МАРТ 2019

РЕПТИЛ МАРКЕТИ СЕ ПРИДРУЖИЈА КОН ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА 3 МЕСЕЦИ СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ НА РОДИТЕЛИТЕ ШТО КОРИСТЕЛЕ ПОРОДИЛНО

Компанијата Рептил маркетии донесе одлука за дополнителни 3 месеци скратено работно време за родителите што се враќаат од породилно отсуство и се приклучи кон иницијативата на компаниите Витаминка, Макпрогрес, Европа…

Станува збор за новина со која вработените кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство, во следните три месеци по завршување на редовните 9 месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца одеднаш) ќе може да работат со скратено работно време (половина од полното работно време), а притоа ќе им се исплаќа целосен личен доход и ќе ги уживаат сите други привилегии како да работеле со полно работно време.

 post cover photo

“Вработените се најважни, со добри и задоволни вработени и купувачите се задоволни. Ние тоа го знаеме и затоа моќта и силата на Рептил доаѓа од вработените. Во многу ситуации покажавме дека се грижиме за своите вработени бидејќи сите сме дел од семејството на Рептил. Нашата компанија вработува повеќе од 300 работници од кои сигурно 90% се од женскиот пол, затоа решивме и ние да се приклучиме кон инцијативата за подобро и здраво општество. Рептил ги поддржува фамилијарните вредности и верува дека децата се нашето најголемо богатство. Покрај здравите и среќни деца треба да застанат одморени и насмеани мајки” истакна управителот Даница Блажеска Личанин.

Рептил маркетите постојат 23 години и во моментов 15-те маркети постојано ја одржуваат топлината на локална (маалска) продавница со давање врвна услуга на купувачите покрај богатиот асортиман и пристапните цени. Односот продавач-купувач секогаш е пријателски и проследен со насмевка и искрен позитивен однос. Вработените во Рептил се едно големо семејство и тие секогаш се спремни да помогнат на своите колеги и во овој случај несебично ќе ги подржат колешките мајки. Овој начин на соработка е етаблиран од основањето на Рептил, компанијата брои многу вработени од самите почетоци на работењето.

Врвната услуга е нешто со кое најмногу се гордее Рептил и ветува дека нашите купувачи ќе излезат задоволни при секое нивно пазарување. Оттука е произлезен и слоганот кој гласи: „Пазарете со срце и задоволство“.

ПР текст

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com