Мачкасти очила, впечатливи обетки и црни беретки, беа дел од ланскиот тренд. Оваа година, трендестерите одново ни носат нови предизвици за експериментирање со нашите стилови.
Дознајте ги сите најнови аксесоари кои ќе не красат оваа пролет.
Шнолите оваа пролет се голем тренд, па затоа не пропуштајте да ги носите. Од мали црни шнолички до големи ефектни шноли со разни дезени, едноставни се за комбинирање, па со малку труд ќе го усовршите вашиот стајлинг.
Клучниот аксесоар оваа сезона се ретро венчињата. Доколку сакате да сте во тек со актуелната мода, овој моден додаток е само за вас.
Големи, мали, еднобојни, со секакви принтови, марамите исто така се од големо значење за интересен изглед оваа пролет.
Иако секаков тип на марама е прифатен, она што најмногу го препорачуваат трендсетерите е мала еднобојна марама комбинирана со елегантен фустан наменет за вечерните излегувања.
Погледнете ја оваа комбинација од македонскиот бренд Bella и инспирирајте се за вашиот нареден тренди изглед.