ЧЕТВРТОК, 30 МАЈ 2019

10 години Излет и отворање на летно Сектор 909

Утре, скопското кафуле „Излет“ одбележува 10 години од своето постоење. Прославата
почнува во 17 часот и ќе трае се до 1 часот по полноќ. На годишнината на „Излет“ ќе настапи
холандската легенда San Proper (Сан Пропер). Покрај Сан како музичка поддршка
настапуваат и локалните артисти Узун Баба, Ulterior, Сашо Узун и Bruv. Ова кафуле сместено
во срцето на Скопје, кое има релаксирана и зелена градина, каде секој посетител барем за
момент губи ориентација дека се наоѓа помеѓу скопскиот бетон, изминативе години стана
урбан симбол на градот.

 post cover photo

 „Десет години „Излет“ мене ми звучат прилично многу - измешани чувства, разнолики
луѓе, инакви доживувања, различни приказни... Преку цела оваа симбиоза на искуства,
Излет стана урбан симбол на Скопје. Пред моите очи гледав како се менуваат
генерации, а повеќето од нив заслужуваат сериозно внимание и некако ти се полни
душата кога ги гледаш сите тие надоаѓачки генерации и веруваш дека не е се изгубено,
дека има надеж... Низ годините „Излет“ има претставено и многу изложби, промоции на
книги, има организирано многу конференции за печат, досега имаат настапено голем
број домашни и странски артисти...“, вели сопственикот на Излет, Огнен Узуновски.

По прославата во Излет, после полноќ се отвора летниот ноќен клуб Сектор 909, каде ќе
настапат следните артисти: Dj UX (Oubli), Soul Case ( Oubli), Air Bear, Сеул и Lipelis, Москва.
Дел од артистите што ќе нстапат во престојниот период во Сектор 909 се: Henrik Shwarz
(Хенрик Шварц) од Берлин-Германија, кој настапува на 7ми јуни, на 12ти јуни Џијан Емин-
Квартет, на 13ти истиот месец славниот Derrick May (Дерик Меј) од Детроит-САД... Сектор
909 секогаш се труди и успева да остане оригинален со претставување на различни музички
жанрови, еминентни артисти од целиот свет, претставување на домашни артисти и бендови,
квалитетен звук и разни декорации. Наскоро, Сектор 909 нема да биде повеќе само летен и
зимски клуб, туку ќе започне со работа и на својот нов музички label (лејбел). Прво издание
за Сектор 909 ќе има Јоханес Волк (Johannes Volk) артист од Германија, кој веќе има
настапувано неколку пати во клубот, следат Нино Шебелиќ од Србија, Роберто Боско Италија
и други странски и домашни артисти.

 

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com