ПОНЕДЕЛНИК, 19 АВГУСТ 2019

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

а два дена пред почетокот на 10. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ви најавуваме две, за нас многу значајни, програмски содржини.

Мастер-клас со наслов „Не следете ги моите правила. Направете си свои“ на 24 август во Даут Пашин Амам ќе одржи еден од најзначајните европски и светски документаристи – Виктор Косаковски. Тој ќе зборува за своите принципи при создавањето на филмските дела не само како режисер, туку и како сценарист, снимател и монтажер.

post cover photo

„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте правила за млади документаристи на Косаковски. Овој современ раскажувач со восхитувачко поетски пристап во правењето документарци ќе ги сподели и своите искуства и мислења за заемната условеност на естетското и етичкото во документарните филмови, поаѓајќи од својот личен став дека „Добрите луѓе веројатно не треба да прават документарци“. Визуелната поезија на Косаковски е мошне ценета меѓу критичарите и гледачите, бидејќи тој умешно ги претвора внатрешните и надворешните светови во синестетски искуства.

Виктор Косаковски е светски признаен режисер, сценарист, снимател и монтажер во областа на современата документаристика. Кариерата ја започнал во 1978 година, работејќи како асистент снимател и монтажер во Студиото за документарни филмови во Санкт Петербург (Ленинград). Како студент се приклучил на Дирекцијата за документаристика во Берлин и од 1986 до 1989 година студирал сценарио и режија во Москва.

 

Како филмаџија документарист, Косаковски има добиено над 100 награди на меѓународни филмски фестивали, градејќи филмографија со фокус на различни теми, кои ја истражуваат стварноста и ја преведуваат во визуелна поезија раскажана на автентичен филмски јазик. Во 1989 година, тој го режирал својот дебитантски филм „Лосев“, а три години подоцна и својот најпознат документарец „Белови“, додека со „Да живеат антиподите!“ го има отворено Венецискиот филмски фестивал во 2011 година. Косаковски неуморно продолжува да прави филмови и да предава документаристика, инспирирајќи ги филмаџиите ширум светот.

„Не следете ги моите правила. Направете си свои“

Како блескав пример на неговата работа ден претходно во кино „Милениум“ ќе биде прикажан документарецот „Акварела“ (2018), чиј стожерен лик е семоќниот сопатник на Земјата – водата. По проекцијата ќе следува сесија на прашања од публиката.

Велика Британија, Германија / 2018 / 89’

Филмско нуркање низ непредвидливата убавина и безмилосноста на водата. Нејзиниот ќудлив нарав и суровата сила докажуваат дека луѓето се само бледа сенка на природата. Од опасните ледени води во руското Бајкалско Езеро, преку Мајами среде вителот на ураганот „Ирма“, па сѐ до венецуелските Ангелски Водопади - стожерниот лик во оваа приказна е водата, прикажана во сиот свој раскош и ужас.

Работилницата „Идеи преку граници“ со Јана Цисар ќе биде фокусирана на филмската копродукција, а заедно со учесниците ќе се трага по идеи кои би биле прикажани на потенцијалните копродукциски партнери. Работилницата ќе се одржи од 22 до 24 август во Даут Пашин Амам.Предавањата на работилницата ќе опфатат теми како наоѓање и избирање на партнери за поддршка на филмовите, публика и финансирање.

22 - 24 август, 2019 / 10:00 - 13:00 ч. / Даут пашин амам

 

Јана Цисар е родена во Маринанске Лазне, Чехословачка, а живее во Западна Германија уште од 1969 година. Кариерата ја започнува со работа во театарска продукција како асистентка на Дејвид Брн при подготовките на претставата „Шумата“ на Роберт Вилсон во 1988 година. Потоа продолжува да работи како продукциски раководител во Денови на германски театар во Москва и како менаџерка за турнеи на „Малиот театар во Ленинград“ во 1989 година. Цисар има работено на разни програми со Лес Бланк, Ричард Ликок, Брадрс Квеј, Јан Шванмаер, Дејвид Брн и Томас Браш за „Компанијата за развој на телевизиски програми“ на Александер Клуге (TV DCTP). Заедно со Мануела Стрихавка го имаат направено филмскиот фестивал „Сомерзене“ (SommerSzene) во Салцбург. Од 1990 до 1995 година има живеено во Прага, каде што со група луѓе ја има основано програмата „Промоција на чешки филм“, ноработела и на чешкиот Меѓународен филмски фестивал „Карлови Вари“. Живее во Берлин од 1995 година и работи како независна филмска продуцентка.

Работилницата е поддржана од Гете Институт – Скопје.

Филмската програма на 10. „МакеДокс“ ќе содржи вкупно 70 документарни остварувања на автори од целиот свет, а ќе бидат одржани и повеќе други програмски активности од 21 до 28 август. Се очекува на фестивалот да присуствуваат 100-тина гости.

Фестивалот ќе се одвива под мотото „Десет лета МакеДокс“.

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com