ЧЕТВРТОК, 29 АВГУСТ 2019

Доделени наградите на 10. Македокс

Светлината зрачеше од филмското платно, формирајќи приказни за луѓе и места кои досега не сме ги запознале или виделе. Научивме многу за нив, за нивните животи, за местата кои ги посетиле, за работите кои ги направиле. Предизвикаа емоции кои некогаш завршуваа со солзи... и се тоа неправи да се чувствуваме исполнети барем овие изминати 7 дена.
Уште еднаш бевме сведоци на беспрекорниот фестивал за документарни филмови, Македокс. 10ти по ред, 10 лета запаметени токму по овој настан, секој различен, уникатен и полн со сеќавања.
Македокс, ви благодариме за ова искуство и со нетрпение го чекаме наредното лето!

post cover photo 

На 10. „Македокс“ се доделени награди во пет категории, и тоа: „Кромид“ за најдобар филм во Главната програма, „Млад кромид“ за најдобар филм од нов автор, „Сечкан кромид“ за најдобар краток филм, „Кокарче“ за најдобар филм од Студентската програма и Наградата за филм со најдобри етички идеи. За наградите одлучуваат пет комисии составени од 15 еминентни странски и домашни автори.

Жири: Ен Жоржете, Инеке Смитс, Виктор Еде

„Соло“ (Чешка, Франција, Аргентина,Австрија/ 2019/ 84мин. ) – Артемио Бенки

Овој филм, кој е предводен од еден лик, успева да пренесе повеќеслоен свет на филмското платно. Преку необичниот пристап и хипнотизирачкиот стил, филмскиот творец ни ги открива маките на протагонистот. „Соло“ е смел и интимен портрет на еден надарен музичар кој се обидува да воведе ред во својот живот и претставува чувствителна филмска приказна за луѓето кои ги обележуваме како „луди“.

Специјално признание во оваа категорија доби документарецот „Град на мртовци“ (Шпанија/ 2019/ 55 мин.) на режисерот Мигел Ек. Филмот ги прикажува различните лица на смртта преку една група обични луѓе. Внимателно конструираната приказна и прецизната кинематографија на филмот умешно нуди едно алтернативно гледиште на т.н. „херој на мисија“ - наратив што е присутен во многу современи документарци.

 

жири: Винсент Дјутр, Виола Штефан, Ѓорче Ставрески

Жирито за наградата „Млад Кромид“ на 10. издание на фестивалот „Македокс“ го истакна високиот квалитет и разноликоста во селектираните филмови од оваа категорија. „Тоа го отежна, но и разигра нашето одлучување. Затоа, би сакале да му се заблагодариме на целиот тим на ’Македокс‘ за овие прекрасни мигови на филмско уживање во Скопје. Како исклучок, одлучивме да доделиме две награди“, потенцираа од жирито.

„Медена земја“ (Македонија/ 2019/ 85 мин.) – Љубомир Стефанов, Тамара Котевска

Поради убавината и силата на сликите, срдечноста при набљудувањето на непознатата и сурова реалност и поезијата во визуелниот пристап, решивме да ја доделиме наградата на восхитувачкиот филм „Медена земја“ на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска.

„Боговите на Моленбек“  (Финска, Белгија, Германија/ 2019/ 73 мин.) – Рета Хухтанен

Наградата е доделена поради остроумноста во снимателскиот избор, начинот на кој филмот ни дозволува да ги согледаме големите проблеми во современа Европа низ детските очи, без тронка иронија или лажна дистанца, поради елеганцијата во филмските слики и нежниот, внимателен пристап на режисерката при соочување со прашањата кои ги засегаат религиските заедници и глобализацијата.

 

жири: Ондреј Каменицки, Мартин Иванов, Анка Паунеску

„Нашата песна за војната“ (Белгија, Колумбија/ 2018/ 15 мин.)  – Хуаните Родригез Онзага

Наградата „Сечкан кромид“ за најдобар краток филм ја доби „Нашата песна за војната“ - неповторливо филмско искуство во кое животот и смртта се среќаваат во еден волшебен миг на помирување.

 

жири: Јасмин Башиќ, Мартина Валентина Баумгартнер, Илеана Станкулеску

„Ѕверот - воз со непознати“ (Германија/ 2019/ 24 мин.) – Мануел Инакер

Ова не е уште еден обичен филм за миграција. Ова е силен филмски указ што прикажува длабока општествена и политичка посветеност со искрена почит кон протагонистите - млади луѓе со голема надеж.

Специјално признание за филм од студентската програма доби „Слушај, брат!“ (Русија/ 2018/ 72 мин.) на Александар Елкан. Формата на овој филм восхитувачки ја отелотворува содржината на приказната. Режисерот ѝ го прикажува сопственото огромно искуство на публиката, зграпчувајќи нѐ со ритам и енергија.

 

жири: Виван Сторлунд, Ристо Солунчев, Џон Периш

„Боговите на Моленбек“ (Финска, Белгија, Германија/ 2019/ 73 мин.) – Рета Хухтанен

Размислувајќи за етичките идеи во филмовите, сакавме да ја земеме предвид врската меѓу творецот на филмот и протагонистите. Во филмот „Боговите на Моленбек“, децата никогаш не беа безобѕирно следени или набљудувани од камерата. Сѐ е снимено од нивното лично гледиште - технички преку задржување на камерата на нивото на очите на децата и емоционално преку нивелирање на приоритетите на самите деца во филмот. Младите протагонисти од различно културно милје можеа слободно да си играат и да се тркалаат додека, во исто време, меѓусебно си ги истражуваа филозофиите и верувањата без предрасуди. А ние имавме прилика да ги споделиме нивните младешки оптимизам и отвореност – образложи жирито за Наградата за филм со најдобри етички идеи.

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com