СРЕДА, 16 ОКТОМВРИ 2019

HERBALIFE NUTRITION ЈА ЛАНСИРА ИНИЦИЈАТИВАТА „NUTRITION FOR ZERO HUNGER“ СО КОЈА ЗАЛОЖУВА 2 МИЛИОНИ УСД ЗА ДА ПОМОГНЕ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ГЛАД НА ГЛОБАЛНО НИВО

ЛОС АНЏЕЛЕС (25 септември 2019 г.) — Herbalife Nutrition (на Њујоршката берза (NYSE): HLF), најдобрата глобална нутриционистичка компанија, денеска го објави лансирањето на глобалната иницијатива Nutrition for Zero Hungerсо која заложува 2 милиони УСД за да нема веќе гладни луѓе во светот, за да им се обезбеди пристап до правилна исхрана на луѓето и за да се обрне внимание на континуираното зголемување на бројот на луѓе со прекумерна тежина. Иницијативата, со помош на непрофитни организации-партнери, ќе се фокусира на обезбедување пристап до здрава храна, на подобрување на едукацијата за исхрана, на откривање одржливи ресурси на храна и на подигнување на свеста за глобалната криза.

 post cover photo

Заедно со лансирањето на иницијативата, Компанијата го објавува и своето партнерство со „Feed the Children“, непрофитна организација посветена на борбата против глад на децата во целиот свет. Организацијата „Feed the Children“ го прогласи септември за месец на борба против глад и Herbalife Nutrition, како главен партнер на „Nutrition for Zero Hunger“, ги поддржува нејзините програми за да помогне да се стави крај на гладот во светот.

„Иницијативата „Nutrition for Zero Hunger“ работи на клучни пандемични проблеми и се надеваме дека преку соработката со нашите партнери, како што е организацијата „Feed the Children“, ќе изградиме свет во кој секој ќе има пристап до квалитетна храна и исхрана.“ – вели Алан Хофман, Извршен потпретседател, Глобални корпоративни работи.

Како лидер во глобалната исхрана, компанијата Herbalife Nutrition, која е основана пред околу 40 години и чијшто темел се значајноста и вредноста на правилната исхрана, обезбедува сигурни извори на нутриционистички производи преку мрежа независни дистрибутери до клиенти во целиот свет.  

„Организацијата „Feed the Children“ се гордее што стана партнер со Herbalife Nutrition во борбата против овој важен проблем, гладот кај децата. - вели Травис Арнолд, Претседател и Главен извршен директор. „Проблемот нема да се реши сам по себе. Знаеме дека ако ги комбинираме нашите напори, ќе имаме поголемо влијание врз животот на фамилиите на кои сме им најпотребни.“

„Feed the Children“ е организација што посветено поддржува семејства и заедници на тој начин што им обезбедува помош со храна и ресурси што помагаат за стабилен живот и во САД и во 10 земји на интернационално ниво. Во 2018 г., „Feed the Children“ дистрибуира храна и за основни работи за живот во вредност од 88,6 милиони фунти заедно со партнерите од заедницата за да им даде поддршка на 6,5 милиони луѓе на глобално ниво.

Покрај стратешките партнерства за поддршка, „Nutrition for Zero Hunger“ ја поддржува целта бр.2 на Обединетите нации – Одржлив развој, со која се спроведува голема акција за да се стави на гладот во сите негови облици до 2030 г. и за да се најдат решенија за безбедност на храната и да се подобри исхраната на глобално ниво. Со помош на залогот од 2 милиони УСД, Компанијата:

  • ќе стане партнер со организации кои работат на проблемите со гладот, со безбедноста на храната и со лошата исхрана 
  • ќе обезбеди донации на нутриционистичка храна и нутриционистички производи на луѓе од ранливи категории
  • ќе достави ресурси за поддршка на едукација за исхрана
  • ќе ангажира и едуцира заедници на глобално ниво преку интегрирани кампањи      

Хофман додаде, „гледаме колку здравата исхрана влијае врз животот на луѓето и посветено ја поддржуваме оваа важна потреба на ранливите популации од целиот свет.“

За да дознаете повеќе за Нerbalife Nutrition, посетете ја веб-страницата IamHerbalifeNutrition.com. За да добивате најнови ажурирани информации од Herbalife Nutrition, следете нè на Twitter: @HerbalifeNews.

#          #          #

Контакт:

Гери Кишнер

GaryKi@herbalife.com

213-745-0456

 

  

За Herbalife Nutrition

Herbalife Nutrition е глобална нутриционистичка компанија чија цел е да го направи светот

поздрав и посреќен. Компанијата има мисија за исхрана – да им го менува животот на луѓето

со одлични нутриционистички производи и програми – уште од 1980 г. Herbalife Nutrition нуди висококвалитетни производи поткрепени со наука, индивидуализирани совети од независен дистрибутер на Herbalife Nutrition и заедница што дава поддршка и што ги поттикнува клиентите да водат поздрав и поактивен начин на живот.

Производите на Herbalife Nutrition за наменска исхрана, за регулирање на телесната тежина, за енергија и фитнес и за лична нега може да се нарачаат преку независни дистрибутери во над 90 земји.

Herbalife Nutrition ѝ дава поддршка на Herbalife Nutrition Foundation, непрофитна организација што им помага на организациите во заедницата што се фокусирани на обезбедување правилна исхрана.Herbalife Nutrition се гордее што е спонзор и на повеќе од 190 врвни светски спортисти, тимови и настани во целиот свет.

Herbalife Nutrition има над 8.300 вработени во целиот свет. За да дознаете повеќе посетете ја веб-страницата IAmHerbalifeNutrition.com.

За „Feed the Children

Во„Feed the Children“, ги храниме гладните деца. Имаме визија да создадеме свет во кој ниедно дете нема да си легне гладно. Во САД и интернационално, одлучивме да им помагаме на семејства и заедници да имаат стабилен живот и да се намали потребата за помош утре додека им обезбедуваме храна и ресурси за да им помогнеме денес. Дистрибуираме донации на производи од корпоративни донатори на локалните партнери од заедницата, обезбедуваме поддршка за наставници и ученици и брзо мобилизираме ресурси за помош во случај на природни катастрофи. На интернационално ниво, работиме со програми за развој на заедницата во чиј фокус cе децата во 10 земји. Добредојдени се партнерства затоа што знаеме дека нашата работа е невозможна без соработка. За повеќе информации посетете ја веб-страницата feedthechildren.org.

 

 

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com