ЧЕТВРТОК, 13 ФЕВРУАРИ 2020

Комплетна нега со тиква – пилинг, маска и купка

Тиквата е една од најквалитетните намирници во овој период од годината. Богата е со калиум, фосфор, калциум, железо, бета-каротен, провитамин А, витамините Б1, Б2, Б3, Б6 и Ц. Нејзината енергетска вредност е многу мала, па затоа се препорачува во разни диети. Поради одличните својства ова сезонско овошје може да се користи и за правење маски, пилинг и купка кои лесно можете да ги приготвите дома.

Пилинг

Кожата најпрво исчистете ја со млеко, а потоа исплакнете со млака вода. Потоа измешајте парченца тиква, една лажичка мед, малку кристален шеќер и сок од портокал. Смесата ставете ја на лице и масирајте 10-тина минути. Потоа исплакнете со млака вода и нанесете маска.

Маска

Во блендер ставете еднакво количество парчиња тиква, круша, слива и лажица мед, а потоа исцедете ја смесата. Во сокот што ќе го добиете натопете газа, а потоа со неа прекријте го лицето, вратот и деколтето. Остатокот од маската нанесете ја преку газата и оставете да делува околу половина час, по што ќе исплакнете со млака вода. Ако имате сува кожа, нанесете хидратантна крема.

Купка

Земете едно големо парче тиква и измиксирајте го, потоа додадете му една лажица мед и една лажица цимет. Ако имате сува кожа измешајте и павлака и оставете да отстои. Кожата спремете ја така што прво ќе направите пилинг, а потоа истуширајте се и исушете ја кожата. Наполнете ја кадата, а телото намачкајте го со маската. Влезете во бањата и уживајте сè додека водата не почне да се лади, а потоа измасирајте го телото со ракавица со луфа или со погруб пешкир. Кога маската ќе биде целосно извадена, истуширајте се, или пак воопшто не мора да го правите тоа, туку замотајте се во фротирка и почекајте водата да се упие. Ако имате сува кожа намачкајте крема или млеко за тело.  

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com