ЧЕТВРТОК, 28 МАРТ 2019

Топ 10 психолошки тестови. Решете ги и дознајте повеќе за себе!

Дали сакате да знаете што точно се случува во вашата глава? Или пак само сакате да се дознаете дали момчето со кое што почнавте да излегувате нема да се претвори во социопат?  Човековиот мозок е фасцинантен орган и крие многу нешта, а овие тестови кои можат да се најдат на интернет можат да ви откријат многу неверојатни (се надеваме не и алармантни) увиди за вашата личност.  

post cover photo

Каква личност сте?

“Keirsey Temperament Sorter“ е таткото на сите тестови на личност, а го користат едни од најголемите фирми на светскиот пазар како Банката на Америка, Американските воздушни сили, IBM и Coca-Cola за да бидат сигурни дека вработуваат токму таков тип на луѓе каков што бараат. Одговорете ги неговите 70 прашања и откријте ја својата вистинска личност. Тестот можете да го најдете тука

Дали сте изрод? 

Понекогаш сите се прашуваме... дали е ова нормално, или јас сум изрод? Дали навистина сте поинакви и невообичаени? Со одговарање на прашањата од овој тест ќе дознаете со сигурност. Тестот можете да го најдете тука.    

Когнитивен тест 

Мислите дека имате брзи и прецизни реакции? Овој интересен тест користи зборови во боја, за да измери колку брзо и флексибилно навистина размислувате. Тестот можете да го најдете тука

Тест за меморија  

Дали мислите дека имате талент зе паметење имиња и броеви, или пак сте од оние лица кои брзо забораваат? Дознајте дали имате меморија на слон со овој брз тест. Тестот можете да го најдете тука

Реакција на лица 

Со гледање на карактеристиките на луѓе одредени како најатрактивни, овие кратки психолошки експерименти ќе ви овозможат лесно да ги диференцирате и рангирате различните црти на луѓето околу вас. Тестот можете да го најдете тука

Тест за интелигенција

Психологот Howard Gardner верува дека постојат различни видови на интелигенција. Направете го овој тест од 10 прашања и дознајте во кои категории најдобро се снаоѓате. Тестот можете да го најдете тука

Тест за психопат 

Дали некој ваш колега ви ја крева косата без некоја особена причина? Доколку сте загрижени за себе или пак сметате дека некој кој го познавате може да има психопатски тенденции направете го овој тест и видите дали сте во право или пак нема потреба да се грижите. Тестот можете да го најдете тука.  

Тест за здрав разум 

Дали понекогаш помислувате дека сте полуделе? Дознајте какво е вашето ментално здравје, ризикот од депресија, анксиозност или некое друго емоционално нарушување. Тестот можете да го најдете тука.  

Тест за моралност

Какви се вашите вистински морални принципи... дали ако најдете паричник полн пари ќе го дадете на бездомник, ќе го побарате сопственикот, или пак ќе го посетите првиот бар? Направете го овој тест и дознајте денес. Тестот можете да го најдете тука

Каков лидер сте?

Дали сте родени да водите или да следите? Дознајте дали го имате она што е потребно да станете истакнат лидер со овој остроумен тест. Тестот можете да го најдете тука

Bella prolet 19

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com