ПОНЕДЕЛНИК, 24 СЕПТЕМВРИ 2018

Брза диета со зелка

Диетата со зелка е една од најраспространетите  и најпопуларни диети, поради тоа што лесно се подготвува и сите состојки се достапни кај нас. Диетата со зелка всушност е детоксикација и прочистување на организмот, поради што тој добро ја поднесува.

Диетата се состои од подготовка на супа со зелка, која може да се јаде во било кое време, кога и да почувствувате глад, и можете да јадете колку што сакате. Нема никаква потреба да се воздржувате и да гладувате.

post cover photo

Подготовка на супата

Супата се подготвува едноставно, како и секоја друга супа, состојките ги ставате во сад со вода, посолувате и варите се додека зеленчукот не омекне.

Потребни ви се:

• 5 главици кромид

• 2 зелени пиперки

• 1 или 2 конзерви со конзервиран домат

• 1 свеж целер

• 1 голема зелка

• 1 лажица со пченица, јачмен, грашок или леќа.

Примери за исхрана по денови

Прв ден

Првиот ден освен супата која можете да ја јадете во неограничени количини, можете да јадете и овошје – освен банана и грозје. Можете да пиете незасладен чај, природен цеден сок и вода.

Втор ден

Покрај супата јадете и суво овошје, кое ќе ви помогне да не бидете гладни и ќе ви даде енергија. Пијте што повеќе вода (најмалку 6 – 8 чаши дневно).

Трет ден

Јадете супа, овошје и зеленчук во неограничени количини. Избегнувајте го компирот и други зеленчуци кои содржат скроб. Пијте многу течности, за организмот да може да ги исфрла токсините.

Четврти ден

Покрај супата сега можете да внесувате и обезмастено млеко и до 2 банани. Бананите и млекото имаат многу калории и јаглехидрати, а бидејќи не сакате да го истоштите организмот можете да ги внесувате четвртиот ден, секако со многу изедена супа во текот на денот.

Петти ден

Покрај супата, петтиот ден можете да изедете и малку варено или печено говедско месо (без масло) и салата од домати.

Шести ден

Шестиот ден од диета можете да ја јадете супата во неограничена количина, како и малку говедско месо и зеленчук.

Седми ден

Покрај задолжителната супа можете да јадете и интегрален ориз и овошје. Од пијалаци можете да внесувате вода и природен цеден овошен сок (без шеќер или засладувачи).

Предности

Оваа диета се карактеризира со едноставност во подготовката, и со ефикасност во резултатите. Во поголем ден од случаите организмот добро ја поднесува, а кога се прави во помал временски период може да се смета за еден вид на прочистување на организмот.

Недостатоци

Најголем недостаток на оваа диета е внесувањето на малку калории и недостаток од неколку клучни хранливи состојки, како цинк, калциум, железо, како и некои витамини и минерали. Затоа не се препорачува да се практикува оваа диета подолг временски период, туку како краткотрајно прочистување на организмот.

Друг недостаток е тоа што при варењето на зелката во организмот може да се јави зголемено присуство на гасови, а во некои случаи и диареа. При тоа може да дојде до губење на многу вода од организмот, па во вакви случаи можете да се напиете електролит, наменет за рехидрација на телото. Доколку забележите дека вашето тело не ја поднесува добро оваа диета и несаканите последици се особено изразени, препорачливо е да престанете со диетата.  

Совет +

Пред да започнете со било каква диета консултирајте се со вашиот доктор, најпрво проверете во каква состојба е вашето тело и дали е подготвено за диета. 

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Bella prolet 19

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com