ЧЕТВРТОК, 28 МАРТ 2019

Кои грешки не смеете да ги направите кога имате интервју за работа!

Едно од најбитните работи кое стои помеѓу вас и работата која ја сакате е интервјуто за работа. Дали мислите дека со сега станавте експерт? Размислете повторно, можеби навистина ви оди добро, но можеби причината поради која се уште сте на пазарот за труд лежи делумно и во вашето однесување за време на интервјуата. Погледнете кои се непростливите грешки, и доколку забележите некоја кај себе променете ја.

post cover photo

Доцнење

Првиот впечаток може да значи се, но можете да оставите впечаток дури и пред да влезете во канцеларијата. Се советува да пристигнете на интервјуто 10 до 15 минути порано, знаете – доколку сте точно на време тогаш веќе доцните. За да бидете на сигурно испланирајте да дојдете на посакуваната дестинација 30 минути порано. Тоа не значи дека треба да влезете на интервјуто порано, туку само да пристигнете и да чекате да ве повикаат. Воедно ова ќе ви даде време да се подготвите. Пред да влезете повторете што е тоа што мислите дека вашиот иден работодавец би сакал да го чуе и како вие сакате да се претставите.

Несоодветна облека

Која е најдобрата облека за на интервју? Зависи! Пред да отидете на интервју истражете за каква фирма се работи и дали на тоа место има дрес код на облекување или пак повеќето од вработените со во кежуал варијанта. Главната загатка која треба да ја решите е како вашата облека да прикаже дека вие сте некој кој би се вклопил во работната средина.

Не сте подготвени

Најголемата грешка што можете да ја направите е да се појавите неподготвени. Доколку пред да дојдете на интервју не истражите со што точно фирма се занимава и како вашите капацитети можат да бидат исползувани таму, тогаш вашиот иден работодавец не може да очекува дека вие ќе бидете темелни во работата. 

Лоша комуникација

Ова може да значи или дека не зборувате доволно или дека зборувате премногу. Оставете го работодавецот да го води интервјуто, додека вие јасно и концизно ги одговарате прашањата. Доколку одговарате со два-три збора или пак не знаете кога треба да престанете да зборувате нема да си направите услуга. Иако тука условно треба да „импресионирате“, сепак не треба да претерувате.    

Не поставувате прашања

Добрата подготвеност и ласкањето може да ве доведе далеку, но потребно е да покажете и интерес за вашето идно работно место и целокупната работа. Иако на интервјуата вие сте тие што ги одговараат прашањата, добро би било и да поставите и неколку конструктивни прашања кои се однесуваат на работата и да покажете дека сте отворени за нови знаења и предизвици.

Bella prolet 19

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com