ПОНЕДЕЛНИК, 19 НОЕМВРИ 2018

Ставете се себеси на прво место

Многу често меѓу динамиката на животот и желбата за слободно време го губиме она што треба да ни е најважно - сопственото Јас. Ако секој ден ги ставате потребите на другите луѓе пред своите, ако се чувствувате заглавени во обврски и едноставно тапкате во место, тогаш е време да се свртите кон себе и сопствените цели.

post cover photo

Еден ден едноставно сакате да се симнете од вртелешката. Не очајувајте, не сте сами. Луѓето, особено жените, имаат обичај да се ставаат себеси на последно место: по семејството, децата, работата, потребите на другите. Проблемот во тоа е што сето тоа не поминува без последици. Ако не се грижиме за себе, нема да можеме да се грижиме за другите. Мора да ги задоволиме сопствените потреби пред да се погрижиме за туѓите и да престанеме да живееме во широко распространетата илузија дека ако сме „зафатени“ и преплавени со обврски всушност сме продуктивни и правиме нешто корисно.

На многу жени тоа „ставање себеси на прво место“ им звучи себично или претешко. Ако ова е случајот и со вас, обидете се со нешто поедноставно: ставете се себеси на исто рамниште со оние кои ви се драги. Нештата веднаш изгледаат полесни, нели? На пример, ако инсистирате децата да се наспијат, направете го истото и вие. Ако одвојувате време да ги однесете кај другарчињата, одвојте време и вие да се видите со пријателките.

Имено, секој човек мора најпрво да ги задоволи своите желби и потреби за да биде способен да постигнува цели и успеси. Многу жени знаат и се свесни дека треба да се грижат за себе, но имаат потешкотии да го применат тоа во пракса.

Еве еден едноставен водич за подобра грижа за себе:

  • Зачувајте ја физичката благосостојба преку доволно спиење, исхрана и вежбање.

  • Ценете го емоционалното здравје исто колку и физичкото. Имајте добар круг на пријатели и смејте се често.

  • Планирајте забавни активности - подеднакво е важно да се опуштите колку што е важно и да работите.

  • Препознајте ги луѓето или ситуациите кои ви ја одземаат енергијата преку создавање на илузија на „зафатеност“. Потоа, или смалете го времето поминато со нив или целосно елиминирајте ги од вашиот живот.

  • Гледајте на проблемите од друга перспектива. На пример, ако сте нова мајка, најдете некој да ви го чува детето ако имате потреба од време за себе.

  • Научете да кажете „не“. Вашето „да“ вреди и ви одзема скапоцено време и не треба да биде кажувано по автоматизам. Чувајте го за нешта кои ви се важни.

  • Не се обидувајте наеднаш да смените сѐ што не е во ред во вашиот живот. Почнете со една област, донесете одлука, па префрлете се на друга.

Животот е како штедна книшка. Колку повеќе вложувате во неа, толку повеќе ќе имате. Дури и малите депозити значат многу - подобро е да прошетате сами 10 минути или да изедете еден оброк на мир и ќе забележите позитивни промени во вашето расположение и благосостојба.

 

© ladybook.mk Сите права се задржани. 

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk. 

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com