САБОТА, 22 СЕПТЕМВРИ 2018

Најчести заблуди во врска со бебињата

Иако бебето носи бескрајна радост во вашиот дом, неизбежно е да се соочите со многу заблуди поврзани со растот, развојот, негата и исхраната на бебето. Ако на сето тоа ги додадете и советите на луѓето околу вас, можете навистина да се збуните. Иако многу работи веројатно ќе ви совети, некои од нив сигурно ќе бидат погрешни.

Ако бебето не го држите, односно доите, во текот на првите неколку седмици, тоа нема да се поврзе со вас на природен начин

Заборавете на грижата на совест! Иако истражувањата покажале дека првите неколку часа од животот на бебето се важни за воспоставување на блиска врска, сепак тоа не е пресудно – а тоа го покажуваат мајките кои се породиле со царски рез или пак имале потреба од итна медицинска помош. Односот помеѓу мајката и детето се гради со години, а она што можеби ќе го пропуштите во првите неколку часа, сигурно ќе го надокнадите во текот на целиот живот.

Бебето мора да се бања секојдневно

Овој став го оспоруваат најновите препораки од експертите. Бањањето ја суши чувствителната бебешка кожа, а премногу честото бањање може да резултира токму со тоа. Тоа исто така може да го отстрани заштитниот површински слој, така што кожата станува поподложна на различни промени и можат да се јават инфекции, иритации, па дури и алергии. Бебето можете темелно да го бањате неколку пати во седмицата, со употреба на благи средства за хигиена. Но, подрачјето во кое се наоѓаат пелените и вратот (под брадата и зад ушите), како и наборите на кожата, пазувите и препоните треба да се мијат секојдневно. Ова можете да го правите со влажна газа, со пешкир или со фротирска ракавица намокрена во топла вода.

Совет +

Доколку секојдневното бањање е дел од вашата рутина, тогаш најважно е кожата на бебето да ја хидрирате. Ако бебето ужива додека се бања, овозможете му да се брчка во водата, но притоа не користете шампон и купка. Колку е постаро бебето толку повеќе време може да поминува во вода, но тоа не треба да биде подолго од 10-15 минути.

Пожелно е бебето да има барем една столица дневно

Ова воопшто не мора да биде така, особено ако бебето се уште се храни со мајчино млеко. Родителите често се збунети, бидејќи бебето може да има од една до четири столици дневно, понекогаш и до осум. Меѓутоа здравите бебиња можат да имаат и само една столица во неколку дена. Имено, во периодот кога цревата на бебињата созреваат, тие се во можност потполно да ја обработат храната која ја внесуваат, а количеството на „отпад“ кој се произведува се смалува. Тогаш се менува изгледот и фрекфентноста на столицата. Кај бебињата кои се хранат со адаптирано млеко бројот на столиците во просек варира од една до четири дневно.

Совет +

Доколку сметате дека бебето се чувствува непријатно додека ја исфрла столицата, доколку столиците се премногу ретки или тврди, или пак забележите крв на пелената, консултирајте се со педијатар.

Во топлите денови, важно е бебето да пие вода

Можете да му понудите вода на бебето, но мајчиното млеко е доволно за да се одржува хидрираноста на организмот. Бебињата, пак, кои се хранат со адаптирано млеко треба да пијат вода почесто.

Првите заби можат да предизвикаат зголемена телесна температура

Најголемата опасност се јавува од заблуди поради кои се игнорираат одредени проблеми. Имено, зголемената телесна температура кај бебињата често се препишува на излегувањето на забите. Тоа може да биде точно, но и не мора. Во моментов не постои ниту една студија која ја покажува поврзаноста помеѓу зголемената температура и растот на забите. Токму поради тоа родителите секогаш треба да проверат за што точно се работи. Додека растат забите може да се случи да се јави инфекција на устата, поради тоа што тогаш бебињата се ставаат во уста, а тоа може да резултира со зголемена телесна температура. Она што е важно е во случај да се јави зголемена телесна температура, потребно е да се консултирате со педијатар кој ќе ја утврди причината за тоа.

    

Бебињата кои бргу напредуваат во првите неколку месеци, побргу ќе се развиваат и во подоцнежниот развој

Истражувањата покажале дека тоа не е точно. Доколку бебето прозбори или прооди пред своите врсници, тоа никако не влијае на тоа како подоцна ќе се развива и колку бргу ќе ги учи новите вештини. Многу родители ја подржуваат идејата за „талентираност“ уште од раѓањето, но ова не е поткрепено со никакви докази. Всушност, во некои случаи раните достигнувања можат да претставуваат и потенцијален проблем – на пример доколку бебето покажува склоност на едната или другата рака пред на наполни 18 месеци. Имено, децата треба подеднакво да се служат и со двете рачиња, а дури по третата или четвртата година да се фокусираат на употребата на едната рака повеќе од другата.

Дубачето е сигурен начин за бебето да прооди

Иако некогаш ова беше неизбежен реквизит за бебињата, експертите одамна препорачуваат да се исфрли од употреба. Пред се, истражувањата упатуваат на тоа дека ставањето на бебето во дубаче, може да ја одложи способноста за самостојно проодување, но и да предизвика деформација на стапалата бидејќи мускулите и лигаментите се развиваат нерамномерно. Наместо предност, тоа всушност може да претставува опасност. Освен тоа, бебето може лесно да се преврти или и да стигне со скалите, дури и кога е под надзор на родителите.

Совет +

Најдобар начин да го поттикнете одењето е да му овозможите на бебето, кога тоа ќе биде спремно, да се фаќа за деловите од мебелот и полека да оди од едно до друго место.

Заштитните перничиња околу креветчето гарантираат сигурност и заштита на главата на бебето додека тоа спие

Ни ова тврдење не е точно. Многу родители поставуваат специјални перничиња околу бебешките креветчиња, верувајќи дека тие со сигурност ќе го оневозможат ударот на главата. Меѓутоа, бебињата немаат толку сила за кога ќе се удрат тоа да предизвика посериозни последици. Најголемата опасност всушност претставува гушењето, кое може да се јави доколку на бебето му се ограничи просторот и перниците стојат преблиску до нивниот нос или уста. Затоа, експертите препорачуваат сѐ што не е неопходно и може да му наштети на бебето  да се тргне од креветчето.

Совет +

Оние родители кои се плашат дека бебето може да ги провлече нозете, рацете или главчето низ решетките на креветчето, решението се специјалните облоги кои можат да се стават од надворешната страна на креветот.

Бебињата најдобро спијат во тивка и темна соба

Ова е сосема индивидуално. Некои бебиња сакаат вакви услови, додека пак на други воопштo не им пречи бука и светло. Доколку вашето бебе од мало се навикне на тоа да се случуваат работи околу него додека спие, полесно ќе можете да го носите на различни места, а тоа секако ќе ви го олесни секојдневието.

Мало количество на мајчино млеко може да помогне во лечење на инфекција на увото

Мајчиното млеко секако е најдобрата храна за бебињата, но лечењето со него може да предизвика само додатен проблем. Имено, во мајчиното млеко се содржат антитела кои се корисни за бебешкиот организам, но исто така и шеќери, кои создаваат одлични услови за раст и развој на бактериите.

10 години Излет и отворање на летно Сектор 909

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com