ПОНЕДЕЛНИК, 18 МАРТ 2019

Kaко сè можете да го користите путерот надвор од кујната

Знаете дека во последно време се водат дебати околу тоа дали и колку треба путерот да се употребува во исхраната, но дали знаевте дека тој има широка употреба и надвор од кујната? Од нега на уморни нозе и спречување на модрици, до чистење на дрвените и метални површини, путерот може да ви се најде за сè и сешто. 

post cover photo 

• За да им го вратите сјајот на кожата и металот, ставете путер на памучна крпа и тријте ја површината.

• За да ги отстраните дамките од боја на пластиката, намачкајте ја дамката со путер и оставете ја пластиката да стои на сонце неколку дена.

• Кога пиете големи таблети, намачкајте ја таблетата со путер - така полесно ќе ја голтнете. Не заборавајте да се напиете многу вода. 

• За да ги отстраните трагите од вода од дрвените површини, намачкајте ја површината со путер и оставете да отстои во текот на ноќта. Наутро избришете го путерот со сува крпа.

• Лопатата за снег намачкајте ја со путер за да не ви се лепи снегот на неа.

• За да ги отстраните тврдокорните дамки или лепило од рацете, намачкајте путер на валканите раце за да ги отстраните.

• Доколку имате врата која крцка, на спојките на вратата намачкајте малку путер. 

• За полесно сечење на леплива храна, како карамела, сирење или пита, ножот намачкајте го со путер па сечењето ќе оди како „подмачкано“. 

• За да го отстраните непријатниот мирис на риба од рацете, по подготовката на рибата, намачкајте ги рацете со путер.

 

• За да го одржите кромидот свеж, намачкајте малку путер на исечениот дел пред да го завиткате во фолија и да го ставите во фрижидер. 

• За да спречите кипење на водата, во садот со вода ставете една до две лажици путер.

• За да ги смирите уморните стопала, измасирајте ги со путер, а потоа завиткајте ги во влажна и топла крпа. 

• За да извлечете заглавен прстен, намачкајте го прстот со путер, а потоа полека извадете го прстенот. 

• За да ја спречите појавата на модрици, измасирајте го повредениот дел веднаш по незгодата. Фосфатите во путерот ќе помогнат да се спречи појавата на модрица. 

• Путерот можете да го користите за нега на телото и тоа како замена за крем за бричење, нега за сувата кожа, нега за кршливите нокти, омекнување на кожата на рацете, па дури и за заштита на врвовите на кожата. 

• Во итен случај, можете да направите свеќа од путер и тоалет хартија. Погледнете го видеото. 

10 години Излет и отворање на летно Сектор 909

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com