ПЕТОК, 01 МАРТ 2019

Хилдегард фон Бинген - композиторката во чиешто дело се крие тајната на new age музиката

Она што го знаеме денес како New age музика, почнува во 60-те години и на светот му носи еден сосема нов музички жанр. Ова е музика чии мелодии често се повторуваат сакајќи да создадат хипнотичко чувство. Истражувајќи подлабоко низ влијанијата кои ги има оваа модерна музика, музичарите стигнале и до делото на извонредната Хилдегард, чијшто израз е ист како и оној на њу ејџот: етерично повторувана, со само еден солист и многу сиромашен инструментариум. Хилдегард успеала да го создаде небото, на земјата. Оттаму, Брајан Ино, Вангелис, Жан Мишел Жар, Енија, на неверојатен начин го пренесуваат искуството кое го имале слушајќи го опусот на монахињата. Затоа Хилдегард можеме да ја претставиме како жена - композитор во чиешто дело се крие тајната на модерната музика.  

 

Хилдегард од Бинген е родена 1098 год. во Бемерсхајм, Западна Франконија, денешна Германија, како десетто дете од едно добро ситуирано семејство. Уште од раното детство имала визии, кои се поврзуваат со болест, најверојатно мигрена, а во 1106 год. откако биле воочени нејзините интелектуални можности, родителите ја испраќаат во Бенедиктински манастир со 400 годишна традиција. Таму, преставувајќи ја како „десеток“ од семејството, била ставена под заштита на Јута, учена благородничка која до крајот на животот ќе остане заштитничка на Хилдегард.

Хилдегард била извонредна жена, прва во многу области. Во времето кога многу мал број жени пишуваат, Хилдегард, уште позната и како Сибила од Рајна, напишала огромен број дела од областа на теологијата. Во време кога само неколку жени биле почитувани, Хилдегард ја консултирале епископи, папи и кралеви. Истовремено, таа развила и сопствен начин на лечење на луѓето, употребувајќи ја при тоа исцелителната сила на растенијата, животните, камењата  и дрвјата. Истовремено пишувала и трактати за лекувањето како и за историјата на природата и со тоа на следните генерации им оставила непроценливо богатство од знаења.

 

Таа е првата жена композитор чијашто биографија се знае. Пишувала канонски дела кои се изведувале во манастирот и кои предизвикувале одушевеност меѓу луѓето. Откако се упокоила, римскиот папа ја беатифицирал и оттогаш е позната и под името Св. Хилдегард.

Нејзините дела долго време биле во заборав, кога група музиколози и историчари на музиката ја откриваат и нејзиното дело го ставаат на пиедестал. Етеричното повторување на определени делови во нејзината музика, многу им се допаднало на носителите на њу – ејџ музиката, па тие го земаат нејзините музички примери за своја главна инспирација.

Биографијата на Хилдегард фон Бинген е една инспиративна приказна која зборува за енергичниот интелект со кој таа ги надминала социјалните, физичките, родовите и културните препреки и станала пример за без временско постоење.

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com