ПОНЕДЕЛНИК, 17 СЕПТЕМВРИ 2018

Што е Таи Чи и зошто треба да се вежба?

За сите оние кои во моментов чувствуваат дека сакаат да направат нешто добро за себе, за своето тело и ум, за своето здравје и мисли, еве еден предлог: веројатно сте во онаа фаза од вашиот живот во кој треба да почнете да се занимавате со Таи Чи. Попозната уште и како медитација во движење, Таи Чи е многу популарна техника која ја применуваат милиони луѓе во светот.

 

Што е тоа Таи Чи?

Таи Чи е плод на древната кинеска традиција која датира од 12 век и оттогаш без прекин се практикува. Таи Чи го применувале и будистичките и таоистичките монаси кои со тек на време развиле неколку различни стилови, секој со свои особености и свои методи. Такви се:

Чен, Сан, Јанг, Хао и Ву стилот.

Целата практика во себе вклучува серија од бавни и фокусирани движења, кои се прават со соодветна концентрација. Нешто слично на јога, но со  елементи на танц. Или, ако ви е уште полесно - бавно карате. Вежбањето почнува со едно движење, кое води до серија пози кои се изведуваат полека, без запирање, зашто целта е телото постојано да биде во движење, а енергијата - чи, да поминува низ вашето тело без препреки.

 

Кои се придобивките од вежбањето од Таи Чи?

Кога се практикува правилно и редовно, Таи Чи може да одигра одлична улога во вашето здравје. Еве некои од придобивките кои можат да се добијат од практикувањето на Таи Чи:

Релаксација

Намалено ниво на стрес и нервоза

Подобра флексибилност и рамнотежа

Подобрена циркулација на крвта

Подобрена срцева функција

Зголемена енергија

Зголемена сила на мускулите и подобар тонус

Редовното вежбањe го подобрува сонот, го намалува крвниот притисок, ги намалува болките во зглобовите и ви дава чувство на спокој.

 

Кој може да вежба Таи Чи?

Бидејќи при вежбањето на Таи Чи мускулите и зглобовите не се оптоварени, оваа техника можат да ја вежбаат сите возрасти. Односно, Таи Чи им се препорачува и на оние кои одамна не вежбале и на оние кои никогаш ништо не вежбале и на оние кои се во поодминати години и на помладите. Со еден збор, Таи Чи може да вежба секој.

Она што ја прави оваа техника толку привлечна е што таа е многу лесна да се научи. Исто така, за да вежбате Таи Чи, не треба да купувате специјална опрема. Сѐ што треба да направите е да пронајдете на кое место во вашиот град се вежба Таи Чи и да и се приклучите на групата. Иако практикувањето на Таи Чи е генерално безбедно, сепак, Таи Чи не им се препорачува на бремени жени, или оние кои имаат остеопороза и фрактура на коските.

 

Почнете со вежбање на Таи Чи

Иако постојат многу книги, а во поново време и видеа кои ќе ви го покажат системот вежби, искрено ви препорачуваме да си најдете место каде што часовите ги води инструктор. Придружете им се на часовите месец или два, за да можете да ги разберете барем основите на Таи Чи, да научите техники за дишење, како и позициите кои вашето тело мора да ги совлада. Вежбањето со инструктор ќе ви обезбеди сигурност при вашата рамнотежа и координација, како и подобар преглед на овој прекрасен систем вежби со кои ќе го подобрите вашето здравје. Почнете со практикување Таи Чи и бидете дел од луѓето кои утрото го започнуваат со вежби во природа, а денот го завршуваат со насмевка на лицето.

   

 

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com