ПОНЕДЕЛНИК, 10 ФЕВРУАРИ 2020

Нега за бебињата родени во зима

Според истражувањата, бебињата родени во зима се помалку активни од оние родени во лето, а во текот на животот, склони се кон песимизам. Ваквите резултати научниците ги објаснуваат со недостатокот на дневна светлина во текот на зимските месеци, што подоцна може да придонесе потешко да ги поднесуваат промените на годишните времиња, да бидат склони кон брзи промени на расположението, почесто да страдаат од алергии предизвикани од недостаток од витамин Д, како и да имаат поспор биолошки часовник. Но, постојат и други истражувања кои велат дека бебињата родени во зима се поголеми и ментално поспособни од децата родени во лето. Овие разлики се толкуваат со различната исхрана на мајките. Имено, овие мајки јадат повеќе овошје и зеленчук, а вишокот хормони кои се лачат заради зголемената дневна светлина поволно влијаат врз формирањето на фетусот.

Но, ако ги изоставиме сите истражувања, зимските бебиња сепак бараат малку поинаков третман од оној со кој се негуваат летните бебиња.

Дали му е доволно топло?

Самото напуштање на болницата по студено или дождливо време е покомплицирано, но немојте премногу да се грижите, зашто на добро завитканото бебе, студот нема да му пречи. Дома бебето се сретнува со нова средина, па затоа е важно просторот во кој тоа ќе престојува да биде чист и удобен, да не биде загушлив и претерано топол. За нашите климатски услови, на бебето најмногу му одговара просторија во која има 24 степени - кога бебето е облечено и триесетина степени кога го бањате. Ако се прашувате околу тоа дали на бебето му студи, допрете му ги рачињата или ножињата, па доколку им се ладни, им студи, а ако бебето е топло, тогаш температурата му годи. Но доколку бебето има покачена температура без други знаци на болест, (37,5˚C ), има црвено лице и е испотено, тогаш му е претопло. Разладете го така што ќе го облечете во полесна облека, ќе му дадете малку чајче или ќе ја намалите температурата во собата. За бебињата кои цицаат, ова не важи; за нив е доволно само да се надојат.

Ставајте им капче, но само на кратко

После бањањето на бебињата им е потребно капче, зашто тие најлесно ја губат топлината преку главата. Капчето би требало да им стои само половина до цел час на главчето. После тоа, извадете им го.

Кога да одиме на прошетка надвор?

Ако бебето е здраво и добро напредува, кога ќе наполни 40 дена можете на кратко да го прошетате. Немојте да се плашите дека ќе се разболи, ниту пак да чекате да се запролети за да го изнесете надвор. Педијатрите велат дека шансите бебињата да се разболат се поголеми во затворени простории каде што вирусите најлесно се размножуваат. Бебето треба да се навикне на надворешната средина што е можно побрзо, но најважно е да биде соодветно облечено и заштитено. Кога го изнесувате надвор, преку бенкичето или блузичката облечете им скафандер или завиткајте ги во ќебе. Не изнесувајте ги надвор само доколку многу дува или врне. Бебињата се носат надвор после наполнетите шест недели, зашто во таа возраст кај нив созрева терморегулациониот центар во главата, па бебето може да се шета, дури и ако надворешната температурата е нула или неколку степени пониска.

Што кога ќе настинат?

Зимските бебиња порано ја добиваат својата прва настинка. Тоа не треба да ве загрижува, освен ако не се случи во првиот месец од животот, зашто тогаш бебето го гради својот имунитет. Мајките често се грижат дека ќе го заразат своето чедо ако и самите се настинати, но педијатaрите тврдат дека тие сепак не се опасни за своите деца, зашто преку млекото им даваат и храна и заштита. Другите болни луѓе можат да бидат опасни за бебето, па почекајте 40 дена пред да почнете да примате гости.

Ако бебето има затнато носе, но општата состојба му е добра, нормално цица и спие, исчистете им го носот само со физиолошки раствор и следете го како се однесува. Сепак, бидете внимателни, зашто кај бебињата и најмалите инфекции лесно можат да се пренесат на увото или на дишните органи и тогаш помошта од педијатар е неопходна. Лекарите советуваат бебињата помали од шест месеци да не се вакцинираат против грип. Затоа, кога е сезоната на грип, новороденчето најлесно ќе го заштитите ако ги одбегнувате непотребните контакти со луѓе, најчесто во затворени простории.

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com