НЕДЕЛА, 25 НОЕМВРИ 2018

5 совети против несоница

Спиењето не е луксуз, туку една од најосновните човечки потреби. Ако не ја задоволите потребата за сон, си правите штета самите на себе. Ако не спиете доволно во текот на ноќта, тоа може да има и негативни последици по вашето здравје. Сепак, сигурно имате добри причини поради кои не можете да спиете нормално. Можеби сте под стрес или имате премногу грижи кои не ви даваат можност за мирен сон. Еве 5 совети кои можат да ви помогнат при несоница и потешкотии со заспивањето.

post cover photo

Создадете соба поволна за спиење

Ако автоматски помислувате на спалната соба како одлично место за одмор само зашто има кревет таму, треба да знаете дека постојат и други нешта кои можат да придонесат за добар и квалитетен сон. На пример, ако имате телевизор во спалната соба и си ги гледате омилените програми до доцна во ноќта, телото и умот нема да ја асоцираат спалната соба со место за одмор и поради тоа нема да можете да заспиете подолго време. Исто така, потребно е да ја затемните собата за спиење со цел да си обезбедите мирен сон. Можете да испрскате спреј од лаванда во воздухот или на постелнината поради нејзините смирувачки и седативни својства.

Не јадете ништо најмалку 1 час пред спиење

Јадењето пред спиење не е добро ни за телото ни за умот бидејќи желудникот, наместо да ја намали својата работа ќе мора повторно да се активира, а со него и целото тело со цел да ги пренесе хранливите состојки до организмот. Тука спаѓа и хранење на мозокот, а со тоа му давате повод да работи уште повеќе. Тој ќе произведува мисли, а вие нема да можете да заспиете. Во овој случај може да ви помогне топла чаша млеко или чај од камилица. 

Ограничете ги ноќните активности

Без разлика дали се работи за работа на компјутер или гледање телевизија, ограничете ги овие активности до одреден временски период. Наместо да се посветувате на активности што бараат ментална енергија, посветете се на нешто што ќе ве релаксира. Прочитајте лесна книга или изгледајте 20-минутна смешна серија. Правете нешта што ќе ја забават работата на организмот, а не што ќе ја стимулираат.

Вежбајте секој ден

Секако, тоа не значи да вежбате точно пред спиење, но околу 3-4 часа пред да си легнете можете да направите серија лесни вежби кои ќе ви овозможат поквалитетен сон. Вежбањето го намалува и стресот, па умот нема да биде фокусиран на решавање проблеми.

Хербален додаток во исхраната

Кога имате проблеми со неспиењето, тогаш може да го решите проблемот со хербални таблети. Varusan® е 100% природен хербален производ, кој во својот комбиниран состав содржи стручно селектирани, корисни и моќни билки. Toj се употребува при акутна и хронична несоница, предизикана од премореност или од нервни пречки, нервни слабости, неуралгии, емоционална нерамнотежа и како средство за смирување и релаксирање.

 

© ladybook.mk Сите права се задржани. 

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk. 

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com