НЕДЕЛА, 09 ФЕВРУАРИ 2020

Aпликации корисни за сите жени

Smart телефоните се токму тоа - паметни. Нивната идеја е со помош на наједноставни апликации да можете со само еден клик да си го олесните секојдневието. Прочитајте кои апликации можат да и помогнат на секоја жена. 

post cover photo 

Period Tracker

Некогаш времето на циклусот го запишувавте на календари и потсетници. Денес нема потреба за тоа. Апликациите како Period Tracker или My Calendar, не само што водат евиденција за терминот на менструацијата, туку и не известуваат кога доаѓа следната. Воедно, апликацијата ве известува и кога се вашите плодни денови, а за време на циклусот, можете да одговорите на прашалник за тоа како се чувствувате.

myPill

Дали ви се случило да заборавите да се напиете таблетата за контрацепција? Оваа апликација има аларм кој ве потсетува кога треба да ја испиете таблетата, а воедно и кога е време да купите ново пакување.

Snapchat

Snapchat е една од најпопуларните апликации во моментов. Со оваа апликација можете да четувате и праќете фотографии, кои ги сликате во моментов. Тоа што ја разликуваа оваа апликација од другите е тоа што пратената фотографија може да се види на само неколку секунди и не се задржува во меморијата на телефонот. Ова е генијална апликација доколку вие и вашиот партнер сакате да си праќате секси фотографии.

Women’s Pleasure

Доколку ви е потребна добра масажа, ова е совршена апликација за вас. За само неколку месеци, таа има повеќе од милион корисници. Women’s Pleasure функционира преку вибрациите на телефонот и има стотина комбинации на вибрирање кои можат да ви пружат задоволство. Не е толку јака ни вешта како рацете на масер, но сепак може добро да ви дојде како прва помош за опуштање.

Women’s Security

Ова е апликација наменета да ја подобри вашата сигурност. Иако се надеваме дека никому нема да му затреба, сепак во реалноста жените се соочуваат со проблеми со безбедноста, а оваа апликација ќе ви помогне со еден клик да пратите сигнал дека сте во неволја. Во оваа апликација ги внесувате потребните инфомации на одредена личност која сте ја одбрале за известување во итен случај, и со еден клик можете да ја контактирате. Исто така можете да снимите и аудио порака со траење од 45 секунди, која веднаш ќе биде пратена до таа личност. Апликацијата ја праќа и вашата точна адреса.


Stylebook

Иако плакарот ви е полн со облека, некогаш едноставно немате идеја што да облечете. Апликацијата Stylebook ви помага така што ги генерира сите видеа поврзани со модата, така што ви овозможува да најдете совет од стилист кој ќе ви помогне во дадениот момент.

Drunk Lock

Сигурно ви е позната сцената при излегувате в град: откако ќе испиете неколку коктели, почнувате да им праќате празни пораки на поранешното момче и на пријателите или уште полошо, премногу искрени пораки. Во тој случај, апликацијата Drunk Lock може да ве спаси. Со вклучувањето на оваа апликација, пред да испратите порака мора да решите неколку лесни, средни или тешки математички прашања. Апликацијата можете да ја прилагодите на SMS пораките, на повиците, како и на Hangout, Viber, WhatsApp. А, кога „опасноста“ ќе помине можете да ја исклучите со помош на Widget-от на главниот екран.

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com