ЧЕТВРТОК, 28 МАРТ 2019

Како да напишете добро CV

CV e скратеница од латинското „Curriculum vitae“, што значи историја на животот, резиме, или автобиографија. Оттаму, CV е документ кој ги опишува вашите квалификации, образование или работното искуство. Всушност, овој документ заедно со мотивациското писмо го формира првиот впечаток за вас во очите на работодавачот а единствена цел му е да ви обезбеди разговор за работата за која сте конкурирале.

post cover photo

Токму поради ова, на сивито треба да гледате како на маркетиншки документ со чијашто помош ги кажувате вашите вештини и способности кои ви го отвораат патот до работните места.

Што треба едно CV да содржи?

Секое CV мора да содржи неколку основни информации за вас, и тоа:

Лични податоци:

Во  овој дел треба да ги наведете своето име и презиме, датумот на раѓање, контакт телефонот и е-меил адресата. Не е лошо да ја напишете и адресата, за работодавецот да може да види каде живеете, иако тоа најчесто не е ни важно. Сите останати податоци се непотребни, освен ако од вас не се бара подетално да ги опишете бараните информации.

Образование:

Не се препорачува веднаш на почетокот да пишувате за тоа каде сте завршиле основно образование. Треба да тргнете од највисокиот степен на образование кое во моментот го имате, по да одите наназад.

Ако имате завршено некои специјални курсеви, кои се врзани за работното место за кое конкурирате, не заборавајте да ги спомнете и да ги приложите.

Работно искуство:

Во овој дел се даваат информации за вашето работно искуство, прикажани по обратен хронолошки ред, односно почнувајќи од последното работно место.

Можете да дадете и кус опис на вашето последно работно место, основните задачи кои сте ги работеле , како и своите резултати.

Останати способности:

Во овој дел можете да ги наведете странските јазици кои ги познавате, познавањето на работата со компјутер, објавени книги, статии... Кога станува збор за странските јазици, важно е да го наведете нивото на читање, конверзација и пишување со кое владеете.

Наведете ги и сите компјутерски програми со кои работите. Бидете внимателни при тоа, зашто изгледот на сивито може многу да покаже за вашите компјутерски способности и познавања.

Интереси и резултати:

Информациите за вашите интереси и резултати не се неопходни, но се препорачува да ги наведете, зашто така се добива поголема слика за вашата личност. Кажете со кое хоби се занимавате, но не претерувајте со предолг список, зашто би можело да се добие впечаток дека сивито го пополнувате со не толку важни податоци. Можете да ги наброите и поважните награди и признанија кои сте ги освоиле.

Додатни информации:

Во зависност од работното место за кое конкурирате, треба да процените кои други информации може да ви помогнат за да се одвоите од другите кандидати и да добиете шанса да докажете дека токму вие сте вистинската личност за тоа работно место.

Овде можете да го наведете брачниот статус, возачката дозвола итн.

Грешки при пишувањето на CV

  • Предолго CV: Целата информација којашто сакате да му ја дадете на потенцијалниот работодавец, треба да биде колку што може покуса и јасна. Не користете повеќе зборови отколку што е потребно.
  • Преголема употреба на прво лице: Ако во секоја реченица користите „Јас“, внесувате голема доза ароганција.
  • Печатни и правописни грешки: Многу е важно добро да го проверите сивито, за да не ви помине некоја грешка. Ваквите грешки, работодавецот може да ги сфати како недостаток на интерес или компјутерска неписменост.
  • Неорганизираност: Податоците во сивито, можат да бидат организирани во неколку делови и тоа: лични податоци, образование, работно искуство, странски јазици...
  • Лошо обликуван текст: Изберете убав фонт за вашето CV. Текстот треба да биде нареден на ставки меѓу кои има доволно место за работодавецот да може да ги скенира информациите без мачење додека ги чита неуредните делови или пасуси.

Не заборавајте на моќта на CV. Затоа, ако не сте сигурни дека имате совршено CV, побарајте помош од некого за да го средите, и со среќа на новото работно место!

 

Bella prolet 19

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com