ВТОРНИК, 19 МАРТ 2019

Oдржeте ja рамнотежата во вагиналната флора на природен начин

Многу фактори можат да влијаат на пореметување на вагиналната флора. Стресниот начин на живот, слабиот имунитет или пак некои надворешни влијанија се едни од можните причините за проблеми во интимните делови. Но, како можете да го спречите и како се лечи?

Која е оптималната PH вредност на вагината?

Здравата PH вредност на интимните делови изнесува некаде околу 5. Бактериите на слузницата се во здрава состојба и во рамнотежа и ја сочинуваат нормална т.н. физиолошка флора.

Зошто се јавува неурамнотеженост во вагиналната флора?

Опаднатиот имунитет поради болест или, во денешното време, поради сè поголемиот стрес, поради земањето на разни лекови и други причини, може да предизвика пореметување во вагиналната флора. Тогаш на бактериите, габичките и на вирусите им се овозможува слободен пат во внатрешноста, при што се создаваат воспаленија. Во тој случај се јавува црвенило, болки, јадеж, исцедок, вирусни брадавици, болки при односот, па дури и зголемена телесна температура.

Како да се одржи (и да се врати) рамнотежата на вагиналната флора?

  • Немојте да ја миете и триете до бесвест вагината со несоодветни гелови и сапуни. Овие производи содржат хемикалии кои со тек на време можат да ги отстранат и уништат добрите бактерии кои се наоѓаат во вагината и ве штитат од болести.

  • При полов акт секогаш користете заштита, особено доколку имате однос со лице кое не го познавате добро, бидејќи тоа е единствениот начин да го спречите контактот со потенцијалните  бактерии, габички и вируси во вашиот организам.

  • Доколку се јават габички, во тој случај треба да се воздржите од премногу слатко и храна со квасец, како на пример квацес, пецива, печурки, кикирики, колачи, сирења...

  • Се препорачува пиење на пијалак од литар и пол вода со три лимони и три лажици јаворов сируп. Ова количество треба да се испие во рок од три дена.

  • Доколку пиете голема количина на јогурт и био-култури тоа може да му помогне на вашиот организам да го врати балансот, а воедно можете да натопите еден тампон во јогурт (со додаток на сок од еден лук) и да го ставите во вагината во текот на ноќта, секоја втора ноќ.

  • За подобрување на имунитетот и против воспаленија пијте чај од имела, невен или базел (имунолошки билки); рузмарин, лаванда или жалфија (противгабични билки); или камилица и широколистен тегавец (противбактериски).

  • Во текот на денот, можете да пиете еден литар од овие чаеви, или пак 50 до 100 капки од соодветната тинктура од лековитата билка, во зависност од тоа дали се борите против бактериите или против габички.

  • Антибиотиците се пијат само во случај кога во вагиналната флора има докажана бактерија, за која е направен тест според кој е утврдено кој антибиотик делува против таа бактерија. Антибиотиците немаат никаков ефект на габичните инфекции и вирусите.

 

© ladybook.mk Сите права се задржани. 

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk. 

Bella prolet 19

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com