СРЕДА, 27 МАРТ 2019

Како да ја забавите појавата на бели влакна

Како што луѓето стареат, така нивната кожа се менува, а косата им побелува. Ова е природниот процес на стареење и е невозможно да се избегне, но сепак постојат начини со кои истово може да се успори.

post cover photo

Неколку збора за побелената коса

Вашата коса побелува тогаш кога почнува да го губи природниот пигмент, познат како меланоцит, кој ја дава природната боја на косата. Иако проседувањето на косата е природен процес, тоа може да биде предизвикано и од низа други фактори како: генетика, стрес, неухранетост или здравствени нарушувања, како и неко лоши избори во животниот стил.

Ако секојдневно ги почитувате следниве совети, ќе успеете да ги задржите белите влакна во зачеток.

Колку повеќе пушите, толку косата повеќе ви побелува

Кога зборувавме за лошите избори во животниот стил, мислевме токму на ова - пушењето. Пушењето го забрзува процесот на стареење на целото тело, вклучително и косата. Првото нешто што треба да го направите е да се откажете од оваа лоша навика.

Збогум на кафето, алкохолот и брзата храна!

Премногу алкохол и кофеин, како и брза храна се штетни и за здравјето и за косата. Тие само можат да предизвикаат предвремено стареење. Избегнувајте брза храна, ограничете го внесот на бело брашно и рафиниран шеќер. Оваа храна го намалува нивото на енергија, а не добивате ништо за возврат од нив. На вашата коса и требаат здрави намирници за да остане млада.

Вода е името на играта!

Ако не сте доволно хидрирани, хранливите материи нема да можат лесно да стигнат до вашите фоликули на косата. Токму недоволната хидратација може да предизвика предвремено белеење на косата.

Дали сте под стрес?

Белата коса може да биде предизвикана од стрес и анксиозност. Ако сте долго време во некаков стрес, нервоза, ако сте вознемирени или загрижени, може да се доведете во позиција косата побрзо да ви побели. Контролирајте го стресот со тоа што ќе вежбате техники за релаксација: јога, длабоко дишење, медитација, таи чи чуан и др.

Добар душек – помалку бели влакна

Добриот сон навечер е одличен начин да се намали стресот и да се одржат телото и косата млади.

Секојдневното вежбање помага

Добрата циркулација на крвта, како и нормалниот крвен притисок е основа за да се спречи појавата на седа коса, како и можност до косата да стигнат сите материи кои и се потребни за добриот изглед. Всушност, речиси е бескорисно да се консумира соодветната храна, ако тие не можат да стигнат до фоликулите на косата. Обезбедете и на главата добро снабдување со крв, така што косата ќе ја масирате редовно со соодветни масла. Вежбајте секојдневно за да ја зголемите циркулацијата и да го подобрите протокот на крв.

Јадењето пилешко може да ја намали појавата на седи влакна? Многу!

За производство на меланин, пигмет одговорен за производството на бојата на косата, потребни ви се протеини. Затоа, јадете храна богата со протеини како: пилешко и мисиркино месо, никулци, житарици и соја.

Земајте витамини од групата Б – Б2, Б6, Б12

Недостатокот од овие витамини може да предизвика појава на бели влакна. Затоа, јадете леб од цело зрно, банани, јајца, млечни производи, живина и зелен лисест зеленчук.

Вие сте она што го јадете. Јадете го ова, а не она!

Недостатокот на бакар, исто така може значително да предизвика предвремено белеење. Еден од начините да се спречи оваа појава е да се јаде храна богата со овој елемент како: спанаќ, говедски црн дроб, семки од сончоглед, леќа, бадеми, морски плодови, жолчка од јајце и печурки.

На вашето мени ставете ја храната богата со јод

И јодот е важен минерал за вашата коса. Храна богата со јод е бананата, морковот, спанаќот и рибата.

И селен!

Вклучете го и селенот во менито. Во тоа ќе ви помогнат: школките, туната, лососот, пченката, пченицата, сојата, бразилските ореви и семките од сончоглед.

Масирајте го скалпот

Масирајте го скалпот со кокосово масло и лимон. И тоа е добар начин за да ја одржите косата со младешки изглед. Но ако навистина сакате да имате корист од масажите, ќе мора да ги правите редовно. 

10 години Излет и отворање на летно Сектор 909

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com