СРЕДА, 27 МАРТ 2019

Вагинален исцедок - кој од нив е нормален?

Вагиналниот исцедок има исклучително важна заштитна улога во женскиот репродуктивен систем. Течноста која се создава во внатрешноста на вагината и на цервиксот, служи за да ги исфрли мртвите клетки и бактерии од тој дел од телото. Токму ова ја одржува вагината чиста и здрава.

post cover photo

Поголем дел од времето, вагиналниот секрет е сосема нормален. Притоа исцедокот може да се разликува во бојата и мирисот (бојата може да се променува од бела до заматено бела) и тоа во зависност од времето на менструалниот циклус. На пр. исцедокот ќе биде засилен за време на овулација, доење или сексуална возбуда. Мирисот може да биде различен ако сте бремени или ако сте подзаборавиле на вашата лична хигиена.

Ниту едена од овие промени не е причина за аларм. Меѓутоа, ако бојата, мирисот или конзистентноста почнат да стануваат невообичаени, особено ако исцедокот е придружен со вагинално чешање или пецкање, веројатно се работи за инфекција или некоја друга состојба.

Што предизвикува промена кај исцедокот?

Секоја промена во рамнотежата на бактериите во вагината, може да предизвика некаков мирис, поинаква боја или различна текстура на истиот. Ова се неколку од причинитие за таквата промена:

  • Употреба на антибиотици или стероиди
  • Бактериска вагиноза: бактериска инфекција која е многу честа во бременоста или кај жени кои имаат повеќе сексуални партнери
  • Апчиња за контрацепција
  • Рак на грлото на матката
  • Хламидија или гонореа, сексуално преносливи болести
  • Дијабетес
  • Употреба на влажни марамиња, миризливи сапуни или лосиони
  • Пелвична инфекција после операција
  • Пелвична инфламаторна болест
  • Трихомонијаза – паразитска инфекција која обично се јаува при незаштитен секс
  • Вагинална атрофија – чистење и сушење на вагината за време на менопаузата
  • Вагинитис –иритација во или околу вагината
  • Габични инфекции

 

Погледнете ја табелата за да дознаете повеќе за она што одреден тип исцедок би можел да значи:

Вид на исцедокот

Што значи тоа?

Други симптоми

Крвав или кафеав исцедок

Нередовен или циклус кој многу ретко го има – рак на грлото на матката или цервиксот

Ненормално вагинално крвавење, болка во карлицата

Белузлав или жолт исцедок

Гонореа

Крвавење помеѓу циклусите, уринарна инконтенција

Пенест, жолт или зеленикав исцедок со лош мирис

Трихомонијаза

Болка и чешање при уринирање

Розов исцедок

Прелевање на матката по породување (лохија)

 

Густ, бел, засирен исцедок

Габична инфекција

Оток и болка околу вулвата, чешање и болни сексуални односи

Бел, сив или жолт исцедок со мирис на риба

Бактерсика вагиноза

Чешање, горење, црвенило и оток на вагината или вулвата

 

Како лекарот го дијагностицира абнормалниот исцедок?

Најпрво лекарот ќе започне со земање на вашата историја на болеста и ќе ве праша за симптомите. Прашањата може да вклучуваат:

Кога првпат се појавил вагиналниот исцедок?

Каков е по боја?

Дали има некој мирис?

Дали чувствувате некакво чешање, болка или пецкање во или околу вагината?

Дали имате повеќе од еден сексуален партнер?

Дали користите „туш“?

Потоа, лекарот може да земе примерок од исцедокот и да направи ПАПА тест за да собере клетки од грлото на матката кои ќе служат за понатамошно испитување.

Како се лекува абнормалниот исцедок?

Како ќе се третира исцедокот, зависи од она што го предизвикал истиот. На пр. габичните инфекции обично се лекуваат со антифунгинални лекови кои се вматнуваат во вагината и кои се во форма на вагиналети, кремови или гелови.

Бактериската вагиноза се третира со антибиотици, апчиња или кремови.

Трихомонијазата се третира со метронидазол ( Flagyl)или тинидазол (Tindamax)

Постојат и неколку совети кои ќе ви помогнат при заштиттата од вагинални инфекции

Чувајте ја вагината чиста со редовно миење со многу благ сапун и топла вода. Никогаш не користете миризливи сапуни и специјални производи за жени или „туш“. Исто така, избегувајте женски специјални спрејови.

После одењето во тоалет, секогаш избришете се од напред кон назад, за да го избегнете пренесувањето на бактериите што можат да навлезат во вагината и да ја инфицираат.

Носете гаќички од 100% памук и избегнувајте премногу тесна облека.

 

 

Bella prolet 19

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com