ПОНЕДЕЛНИК, 17 СЕПТЕМВРИ 2018

7 работи кои мора да ги знаете за вашето сексуално здравје

Доколку сте сексуално активни сигурно веќе знаете дека треба редовно да го посетувате вашиот гинеколог. Сепак, иако ова е „општо познато“ многу жени сметаат дека ним „ништо не може да им случи“, па го запоставуваат ова правило. Можеби овие факти ќе ви го сменат мислењето.  

post cover photo

  • Пап тестовите не ги откриваат повеќето СПИ (сексуално преносливи инфекции). Со ова се тестираат само абнормалните клетки на грлото на матката кои можат да бидат предизвикани од ХПВ. Тоа значи дека еднаш годишното правење на Пап тест не е доволно, посебно ако имате активен сексуален живот. „Хламидија и гонореја се тестираат со само еден тест, кој се препорачува на годишно ниво за жените под 25 години“ – велат експертите. Тестовите за други СПИ се прават поединечно.

  • Повеќето СПИ немаат никакви симптоми, но можат да имаат сериозни несакани ефекти како воспалителни болести на карлицата, вонматерична (ектопична) бременост и неплодност.

  • Девојките од 20 до 24 години имаат најмногу СПИ од која било друга возрасна група. ХПВ е особено проширен кај жените од оваа возрасна група. „Многу луѓе не се свесни дека имаат ХПВ“ – велат експертите, „но хламидијата е најчеста кај дваесетгодишните.“ 

  • Многу жени стануваат неплодни секоја година заради недијагнозирана СПИ. „Многу жени не бараат лекување додека не почнат да имаат болки или исцедоци,“ – велат експертите. „Некои жени имаат проблеми кога инфекцијата е мирна.“ Веќе е кажано, најбезбедно е редовно да се проверувате. Без изговори. 

  • Сите мажи и жени кои се сексуално активни имаат шанси да добијат ХПВ.  Еве луд факт: 79 милиони луѓе моментално имаат ХПВ. „Ако земете 100 поединци кои немаат никакви симптоми и ги тестирате за ХПВ, повеќе од 90 проценти од нив ќе бидат позитивни.“ – велат експертите. Сите видови ХПВ не предизвикуваат рак на матката, но ако имате вид кој е со помал ризик, може да се развие во вид со висок ризик ако не се лекувате.“ Уште едно општа заблуда е дека ХПВ може само да предизвика рак на матката кај жените. Вистината е дека всушност, и кај мажите го зголемува ризикот од рак на ткивото на пенисот. 

  • Жените на возраст од 20-29 години имаат повеќе ненамерни забременувања од тинејџерките (15-19 години). Експертите велат дека девојките во 20-тите години се понесмасни со нивните контрацептивни средства. Процентуално е многу поголем бројот на овие млади жени случајно да забременат отколку тинејџерките. Бидете повнимателни. 

  • Хламидија е една од водечките причини за неплодност, но ако се открие рано, вообичаено лесно се лекува со антибиотици. Други причини можат да бидат гонореја, или ендометриоза која не е СПИ. Контрацепцијата навистина го намалува ризикот на развивање на хламидијата во воспалителни болести на карлицата и неплодност, па затоа треба да се проверува еднаш годишно, зашто може да се лекува само ако ја откриете рано.

Bella prolet 19

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com