Терминот "алтернативна терапија" се однесува на секој третман кој не спаѓа во групата на западни медицински процедури. Покрај тоа, комплементарните и алтернативните терапии тешко може да се дефинираат, во голема мера бидејќи се многу разновидни. Тие опфаќаат посебни третмани за начин на исхрана и вежбање, хипноза, киропрактика, и боцкање игли во кожата на лицето (акупунктура). Всушност "алтернативните" третмани се користат наместо конвенционалната медицина; кога овие третмани се користат заедно со стандардните медицински процедури, алтернативните третмани се нарекуваат дополнителна медицина.
Придобивките од овие третмани, или поточно недостатокот на придобивки, се табу тема за разговор. За да се определи ефикасноста на овој вид на третмани се потребни уште многу истражувања, но овој факт не им пречи на многу луѓе и тие често практикуваат вакви третмани.
Акупресурата е сличен третман на акупунктура само што во овој третман не се користат игли. Лекарите ги користат своите раце, лакти или стапала за да ги притиснат специјалните точки на човековото тело. Овие специјални точки ја пренесуваат животната енергија (qi или ch’i) низ целото тело. Се смета дека некоја болест се појавува тогаш кога една од овие точки е блокирана или балансот и е пореметен. Акупресурата ги олабавува овие блокади и енергијата продолжува да се движи слободно низ телото.
Потребно е уште доста испитување за оваа процедура меѓутоа досегашните истражувања покажуваат позитивни резултати. Овој третман може да го намали лошењето кај пациентите кои примаат хемотерапија и исто така може да ја намали нервозата кај пациентите кои треба да имаат некаква операција.
Иако кога некој ќе ви спомне акупунктура, првото што ви паѓа на ум се игли, терминот "акупунктура" всушност ги објаснува процедурите со кои се стимулираат определени точки на телото. Најпознат вид на ваква процедура е онаа на боцкање тенки и мали игли на специфични точки на човековото тело.
Без разлика колку е познат овој третман, контроверзата за ефектите е секогаш присутна. Иако нема сигурни докази, некои истражувања покажуваат дека овој третман помага при хронична болка и депресија.
Овој вид терапија користи есенцијални масла (концентрирани екстракти од корења, лисја, цвеќиња и растенија) за лечење. Маслата можат да се вдишуваат, да бидат мачкани на кожата и во ретки случаи се консумираат. Секое од овие масла си има посебна цел и начин на употреба. Некои од нив се користат за лечење на црвенила и инфекции, други за релаксација на организмот.
Истражувањата покажуваат дека со аромотерапијата може да се намали болката, да се лечи депресија и нервоза. Уште многу истражувања треба да се направат за да се одредат бенефициите од овој третман.
Ајурведската медицина, исто позната како Ајурведа, потекнува од Индија и се користи илјадници години. Во оваа процедура се користат различни тревки, масажи и специјални диети кои доведуваат до балансирање на телото, духот и умот.
Нема доволно истражувања за оваа процедура и затоа е тешко да се каже дали има ефекти од третманите. Меѓутоа фактот дека процедурата се користи толку долго и од страна на многу луѓе кажува дека има нешто добро во тоа.
Балнеотерапијата, исто позната и како хидротерапија, вклучува третмани во кои се користи водата за терапевтски цели. Оваа процедура потекнува од 1700 год п.н.е. Балнеотерапијата се базира на идејата дека водата има лековито дејство и може да лечи различни болести, од акни до хронични болки, отоци и нервоза. Во третманите се користат облоги од кал, облоги и базени со вода со цел да се искористат бенефициите што водата ги нуди.
Истражувањата покажуваат дека водата може да го подобри имуниот систем, меѓутоа не може со сигурност да се потврдат другите ефекти од третманите.
Биофидбек техниката им овозможува на луѓето да научат како да ги контролираат телесните процеси кои обично се случуваат без нивна волја (тахикардија, крвен притисок, истегнување на мускул, покачена температура). Оваа техника им овозможува на луѓето самите да научат како да си го контролираат високиот крвен притисок, да спречат главоболка и намалат хронична болка. Пациентите работат и учат од биофидбек терапевтот различни техники за релаксирање и ментални вежби. Во некои посебни третмани, се користат електроди кои се закачуваат на телото на пациентот и го мерат стресот на неговото тело. Техниките исто така можат да се практикуваат без помош на терапевтот или опремата.
Истражувачите уште не се сигурни како или зашто оваа техника функционира и носи резултати. Релаксацијата е клучот на оваа терапија и многу пациенти кои имаа ефекти од оваа терапија имаат лекарски проблеми кои во главно се поврзани со стрес.
Киропрактиката е прифатена и применувана во медицинскиот свет иако таа е квалификувана повеќе како дополнителна медицина отколку како алтернативна. Третманите се фокусираат на лекување на болести на мускуларниот и нервниот систем, болки во вратот, грбот, зглобовите, рацете, нозете и главата. Највообичаената процедура што ја изведува терапевтот е "'`рбетната манипулација" (местење) која се базира на нанесување енергија од страна на терапевтот на болните места. Движењата на зглобовите се ограничени и болни кога ткивото околу нив е повредено и со овие третмани болката се намалува, мускулите се опуштаат и се враќа подвижноста на зглобовите.
Истражувањата ја потврдуваат ефикасноста на овие третмани и постојат докази дека оваа процедура ја намалува болката и го подобрува физичката активност.
Хомеопатијата функционира на сличен начин како и вакцината. Се користат супстанции кои предизвикуваат негативни реакции доколку се земаат во големи дози, меѓутоа во третманите се користат тие исти супстанци, но во многу мали количини за да се спречат штетните реакции. Овој начин на лекување исто така се користи и во конвенционалната медицина. Терапевтите собираат доволно информации за состојбата на пациентот пред да се одлучат за каков било третман со штетната супстанца.
Некои истражувања покажуваат дека овие третмани се поефикасни од плацебото, меѓутоа треба да се направат уште многу други истражувања за да се докаже ефективноста на оваа процедура.
Овој вид на медицина се базира врз силата на природата за лекување. Докторите кои ја практикуваат оваа медицина ја владеат и конвенционалната и алтернативната медицина истовремено и лекот за некоја болест го бараат во природата. За време на третманите, тие ги истражуваат менталните, духовните и физичките манифестации на болниот пациент. Докторите користат специфични техники во третманите како на пример промена на исхрана, хербална медицина, акупунктура и хомеопатија.
Тешко е да се направат истражувања за оваа медицина бидејќи во третманите докторите користат различни терапии и со сигурност не можат да се докажат ефектите и позитивните резултати.
Рефлекселогијата се базира на нанесување притисок врз специфични места на нозете, рацете или ушите. Се смета дека овие специфични места одговараат на различни човечки органи и системи и со нивна масажа и нанесување на притисок, се подобрува здравјето. На пример со масажа на специфична точка на ногата се верува дека се подобрува функцијата на мочниот меур. Самите пациенти можат да ги користат овие третмани без помош на терапевт. Многу луѓе ја користат оваа процедура за да го намалат стресот, подобрат астмата, намалат ефектите на ракот и дијабетесот.
Некои истражувања покажуваат дека овие третмани ја подобруваат функцијата на респираторниот систем, го намалуваат заморот и помагаат при несоница.
Реики е вид на лечење со енергија кое се базира врз идејата дека енергијата на животот тече низ секое човечко тело. Според оваа филозофија, болеста и стресот покажуваат дека животната енергија е на ниско ниво додека енергијата, здравјето и среќата покажуваат дека животната енергија е на високо ниво. За време на третманите терапевтот се обидува да префрли енергија на пациентот така што со раката го допира телото на пациентот. Третманите овозможуваат хроничната болка да се намали и го подобруваат целокупното здравје на пациентот.
Истражувањата покажуваат измешани резултати и најчесто ефективноста на овие третмани се базира на верувањето на пациентите.