САБОТА, 28 ЈУНИ 2014

Кратка историја на женските комедии

Девојки, женските комедии не се измислица на модерниот Холивуд. Од ерата кога Мерилин Монро владеела на големото платно, до "Bridesmaids" ова се најдобрите женски комедии. Викнете ги своите пријателки на гости и направете домашно кино со ретроспективна програма. 

post cover photo

The Women (1939)

Бабата на женските комедии, во која играат огромни ѕвезди како Норма Шерер, Џоан Крафорд, Розалинд Расел и Марџори Маин, меѓу другите, е преполна со интересни дијалози, чија тема секако се мажите. Во филмот нема да најдете ниту еден актер, а кога станува збор за концентрација на естроген нема да најдете ништо подобро од златната ера на Холивуд. 

'Gentlemen Prefer Blondes' (1953)

Мерилин Монро и Џејн Расел играат „две мали девојки од Литл Рок“ кои во никој случај не се мали ни по карактер, ниту по стас. Благодарение на архетипот на русокоса на Монро и духовитата Расел, овој филм е секогаш интересен. Покрај другото, тој е вистинска ода за женското пријателство. 

'9 to 5' (1980)

Интересна комедија која се случува на работното место, каде шефот е шовинистичка свиња, кој се соочува со супер група на актерки како оскаровката Џејн Фонда, комичарката Лили Томлин и легендата на кантри музиката Доли Партон. Филмот беше огромен хит и отскочна даска за многу женски комедии. 

'Desperately Seeking Susan' (1985)

Што се случува кога сопруга на боем ќе си ја удри главата и ќе се разбуди мислејќи дека е жена со слободен дух од мало гратче? Погледнете го филмот и ќе видите како Мадона, во улога на Сузан се обидува да дознае која е таа навистина.

'Heathers' (1988)

Одличен филм со црн хумор, кој постави темплејт по кој до ден денес се прават женските комедии. Популарните девојки во училиштето наспроти помалку популарните (како Винона Рајдер), и новиот психо хипстерот во градот (Кристијан Слејтер) во филмот имаат прилично интензивни разговори. Плус друштвото "Heaters" ја јаде младата Сара Џесика Паркер и нејзините дигнати другарки за појадок.

 

'Romy and Michelle's High School Reunion' (1997)

Ако сте расположени за женска комедија од 90-тите овој филм е одличен избор. Лиса Кудроу и Мира Сорвино се најдобри пријателки и материјалистки, и во филмов се хистерично смешно дуо.

'Mean Girls' (2004)

Тинејџерите знаат да бидат злобни... а тинејџерките уште повеќе, особено ако се популарни. Работена по книгата “Queen Bees and Wannabes“ на Росалин Вајсмен, и со Тина Феј како сценарист со што се поврди нејзината комична генијалност, овој филм и денес е популарен. 

'Sex and the City' (2008)

Кога HBO почна да ја емитува серијата, таа стана Библија за многу девојки и жени, која ги воведе во светот на Менхетен, Маноло Бланик и Mr.Big. Филмот беше логично продолжување, кога конечно Сара Џесика Паркер го освои мажот на својот живот засекогаш во својата мала урбана бајка. 

'Tiny Furniture' (2010)

Пред Хана Хорват и да сонува да шета низ Бруклин во потрага по лош секс и лоши изгледи за работа, Лена Дунам своето режисерско деби го оствари со инди филмот кој беше гласот на нејзината генерација. Ако ви се допаѓа серија Girls, овој филм мора да го гледате. 

'Bridesmaids' (2011)

Жени кои кажуваат мрсни шеги и зборови, се однесуваат како губитници и покрај насмеаните лица, полни се со предрасуди и љубомора. Со Кристен Виг и Мелиса Мекарти во главните улоги, овој филм е хистерично смешен. 

Име на банер

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com