НЕДЕЛА, 03 ФЕВРУАРИ 2019

Како да продолжите понатаму ако не го добивате она што го посакувате од некого?

Има одредени ситуации во животот кои ни помагаат да се пронајдеме. Следствено на ова, има неколку универзални емоции кои ги разбираме, како тагата која доаѓа после загубата, среќата која ја носи успехот и разочарувањето кое доаѓа кога бараме нешто од некого, а не го добиваме. Ова не се однесува на материјалните работи, туку на чувството кога посакуваме одреден вид на врска со некого. Интензитетот на фрустрацијата, разочарувањето и тагата варираат според специфичната ситуација. 

post cover photo

Согледајте ги нештата реално

Не можете секогаш да го добиете она што го барате. Но, овој факт не ги олеснува работите. Важно е да запомните дека секогаш треба да ги согледате работите реално. На пример, ако гаите романтични чувства за некого, но тие чувства не се взаемни - запомнете дека не зависи од тоа колку сте привлечни или каков е вашиот карактер.

Во деловниот живот пак, ако вашиот шеф не го забележува напорот кој го давате на работа, или мислите дека заслужувате повеќе, запомнете дека начинот на кој тој/таа ве перцепира не мора да се однесува на сите идни работи во вашата кариера.

Одлучете дали сакате да се дистанцирате

Кога некоја врска од кој било вид станува небалансирана или ве остава да посакувате нешто што не го добивате, можеби е време да се оддалечите од ситуацијата. Ова може да звучи драматично, исто како давање отказ. Ако се чувствувате растргнати од романтични интереси за некого кој не ви ги возвраќа чувствата, во ред е да ја тргнете таа личност од себе. Ако се чувствувате како трудот кој што го давате од себе поминува незабележано - дистанцирајте се од личноста или ситуацијата. Вие имате право да си отидете кога некој ве одбива, или кога повеќе не се чувствувате комфорно затоа што вашата врска не добила таква форма каква што вие сте си замислиле. Одлуката е ваша.

Продолжете понатаму

Ако не го добивате она што ви е потребно - треба да продолжите понатаму на еден или друг начин. Ова значи да се одделите од ситуацијата и да престанете да се трудите околу некоја врска ако не ги добивате неопходните работи кои вам ви се потребни од другата страна. Треба да се потрудите да го пронајдете својот мир. Сето ова значи дека само ќе се тргнете од фрустрацијата. Не е лесно да посакувате нешто што некој не може да ви го пружи. Таквите ситуации само ќе ви помогнат да се пронајдете себе си. Разочарувањето е неизбежно, но вистинскиот пристап може само да ви олесни. Исто како што другите луѓе донесуваат одлуки кои влијаат на врската која ја имате со нив, вие треба да одлучите како и дали ќе продолжите понатаму - вие знаете што е најдобро за вас.

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com