ВТОРНИК, 07 АПРИЛ 2015

Еден век со Били Холидеј

Били Холидеј (1915 - 1959год.) е една од најкултните фигури на џез музиката. Една индикација за нејзиното огромно влијание е дека оваа година беа одиграни две театарски претстави за нејзиниот живот во Њујорк, „Lady Day" во која играше Ди Ди Бриџвотер а која освои Греми награда за нејзиниот трибјут албум за Били Холидеј и „Lady Day at Emerson's Bar and Grill" за која Одра Мекдоналд освои Тони награда за најдобра актерка. 

post cover photo

Најдобриот начин да се потсетиме на нејзините дела е преку слушање на нејзината музика, а „Columbia Records/Legacy" ќе ја објават колекцијата „Billie Holiday: The Centennial Collection" во кој ќе бидат вклучени 20 песни снимани во периодот помеѓу 1935 година до 1945 година кога нејзиниот глас звучел најдобро.

Холидеј имала навистина тежок живот. Не го познавала својот татко, ретко ја гледала својата мајка, била речиси силувана уште кога имала 11 години и станала проститутка на 14 години. Били Холидеј исто била зависничка од дрога и алкохол, па починала на 44 години од цироза на црниот дроб. Го нашла својот мир во музиката.

Во 1933 година таа пеела во ноќен клуб во Харлем каде била откриена од страна на легендарниот продуцент Џон Хамонд. Тој ја ангажирал, а двајцата соработувале долго и успешно. Овие снимки биле издадени под името „Billie Holiday and Her Orchestra" или „Teddy Wilson and His Orchestra". Во оваа соработка учествувале најдобрите свинг музичари, мешавина од бели и црни џезери.

Нејзиниот глас не можете да го погрешите, нејзините вокални способности се екстремно добри. Нејзиниот пристап бил влијание за многу музичари, не само пејачи туку и инструменталисти, како трубачот Мајлс Дејвис. Најпознатата песна која ја напишала Холидеј е „God Bless the Child". Според нејзината автобиографија „Lady Sings the Blues" оваа песна е инспирирана од караница околу финансиските средства помеѓу неа и мајка и.

Во чест на стогодишницата од нејзиното раѓање погледнете го филмот „Lady Sings the Blues" од 1972 година.
 

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com