ПЕТОК, 22 ФЕВРУАРИ 2019

Што се електролити и како влијаат на вашето здравје?

Електролити се супстанци, односно соли кои со растварање во течност се претвараат во јони - позитивни (катјони) и негативни (анјони). Во нашето тело се наоѓаат во крвта, урината и телесните течности. Одржувањето на вистинскиот баланс помага во одржување на хемиските процеси во телото, мускулните и другите телесни процеси. Натриум (Na+), калциум (Ca++), калиум (K+), магнезиум (Mg2+), хлор (Cl-), хидроген фосфат (HPO42-) и хидроген карбонат (HCO3-), сите тие се електролити кои се наоѓаат во нашето тело. 

post cover photo

Овие честици со електричен набој се потребни за одржување на сите повисоки облици на живот, а нивната функција е спроведување и правилна размена на електрични сигнали во и надвор од клетките. Со овие важни состојки нашиот организам се снабдува преку конзумирање на храна и пијалаци. Но треба да се напомене дека не е важно само внесувањето на електролитите, туку и нивната рамнотежа во телото која се одржува со правилна исхрана и здрав начин на живот.

Улогата на електролитите во телото  

Улогата на електролитите и нивниот баланс имаат голема и повеќекратна важност за човечкото тело. Тие ја регулираат рамнотежата на течностите во организамот, pH вредноста на крвта, како функцијата на мускулите и нервите. Воедно се важни и за хормоналната рамнотежа, ензимските реакции, искористувањето на глукозата, коскената маса, функцијата на дигестивниот тракт, крвниот притисок, како и градење и регенерација на ткивата. 

Во организамот ги внесуваме преку конзумирање на храна и пијалаци богати со електролити, а нивното ниво го регулираат хормоните на бубрезите и надбубрежната жлезда. 

Секој од елетролитите има своја улога во организамот. 

Натриум (Na+)

Натриумот е задолжен за регулирање на течностите во телото. 

Тој е важен и за одржување на функциите на мускулите и нервите, понатака за апсорбција на глукозата, аминокиселините и одредени витамини. 

Натриумот можете да го најдете во куинската сол, зеленчукот, овошјето и интегралните житарки. 

Калиум (К+)

За разлика од натриумот кој се наоѓа надвор од клетките, овој електролит е главен катјон во клетките. 

Наопходен е за срцевите, мускулните и бубрежните функции. 

Калиумот ја поттикнува детоксикацијата и помага во регулација на pH вредноста на крвта и урината. Тој го регулира крвниот притисок, ја ублажува укоченоста во зглобовите, главоболката и учествува во разградување и искористување на јаглехидратите. 

Во големо количество се содржи во авокадо, банана, портокал, кајсија, бел грав, домати, блитва и спанаќ, но го има и во другото овошје и зеленчук. 

Магнезиум (Mg+)

Магнезиумот е задолжен за рамнотежа на телесните течности, како и функционалност на мускулите и нервите. 

Тој го зајакнува имунитетот, срцето, го регулира шеќерот во крвта, и го одржува здравјето на коските и забите. 

Може да послужи како превенција за појава камен во бубрег, помага во регенерација на црниот дроб, го одржува здравјето на панкреасот, го поттикнува варењето и ја ублажува главоболката. 

Некои од најдобрите извори на магнезиумот се интегралните житарки, јатките, зелениот листест зеленчук, мешунките, кафето, чајот, какаото, сувото грозје, бананата, морковот и магдоносот. 

Калциум (Ca++)

Калциумот е најважниот и најзастапениот минерал во човечкиот организам. 

Тој е одговорен за здравјето за коските и забите, како и за превенција од остеопороза. Воедно помага во чување на здравјето на срцето, нервите и мускулите. 

Неопходен е за нормално засирување на крвта, како и спроведување на импулсите во нервниот систем. 

Ги ублажува болките во мускулите и зглобовите, и помага во превенција на алергии, депресија и ПМС. Важен е и за позитивно делување на одредени телесни хормони и ензими. 

Калциумот може да се најде во млекото и млечните производи, морските алги, јатките (бадеми, лешници), го има во зеленчукот како портокали, банани, суви смокви, и во зеленчукот како брокула, грав, грашок, спанаќ, магдонос, леќа. 

Хлор (Cl-)

Овој негативен јон го одржува балансот и pH вредноста на телесните течности. 

Неговата задача е и регулирање на варењето, како и одржување на здравјето на мускулите и нервите. 

Извори на хлор се солта и непреработената природна храна. 

Хидроген фосфат (HP04-)

Најголемото количество на фосфати е присутно во коските (дури 85%), а остатокот се наоѓа во клетките.

Тој е неопходен за процесите на формирање на коските и забите. Значаен е и за производство на енергија, раст и обнова на ткивата, како и работата на мускулниот и нервен систем.

Може да се најде во храна богата со протеини како сирење, млеко во прав, интегрално брашно и какао.

Хидроген карбонат (HCO3-)

Неговата улога е одржување на pH рамнотежата, чии негативни промени можат да доведат до несакани здравствени проблеми.

Важен е за регулирање на варењето.

Помага во ублажување на уморот, мамурлакот, и со забавува процесот на стареење.

Дисбаланс на електролитите - симптоми и последици

Под дисбаланс на електролитите најчесто се подразбира пореметување во концентрацијата на јоните калциум, натриум и калиум. Пореметувањето на останатите електролите е помалку чест проблем, но ако се појави најчесто е резултат на дисбалансот на споменатите три електролити. 

Освен неправилното внесување на хранливи состојки, рамнотежата на електролитите може да ја нарушат и одредени состојби, како дехидрација или хиперхидрација, зголемено потење, повраќање и диареа. 

Понекогаш и лекарствата можат да бидат виновници за дисбаланс на електролитите, на пример диуретиците. Долгите и истоштувачки диети исто така можат да причинител на дисбаланс. Електролитите засилено се губат и во текот на потењето, особено натриумот и хлоридот, затоа важно е да се грижите на внесување на истите во организамот во текот на високите летни температури и зголемените физички активности. 

Симптомите на негативна концентрација на елекролити во организмот вклучуваат:

  • грчеви и слабост на мускулите

  • проблеми со дијестивниот систем: надуеност, тврда столица, пролив

  • пореметување на нервниот систем

  • вртоглавица

  • мачнина и повраќање

  • умор

  • забрзано или забавено срцебиење

  • проблеми со дишењето

  • немир и раздразливост

  • губење на апетитот

  • деконцентрација и дезориентација

  • губење на свеста 

Недостаток на важните електролити во организмот

Хипокалемија е недостаток на калиум предизвикан поради недоволно внесување или зголемено губење на течности (повраќањем диареа) или болест на бубрезите. 

Симптомите се слабост, умор, грчеви ви мускулите и желудникот, забавени функции на организамот, пореметување во варењето, забавено срцебиење и зголемен крвен притисок. 

Нипонатремија е намалена концентрација на натриум во организмот, а најчесто се јавува како последица на задржување на течности во организмот. 

Симптомите вклучуваат умор, главоболка, мачнина, повраќање, слабост, грчеви во мускулите, немир, слаб апетит, дезориентација, пореметување на вниманието, дишењето и одењето. 

Во потешки случаеви на хипонатремија може да дојде до несвестива, кома и смрт. 

Хипокалцемија е недостаток на калциум. 

Недоволното внесување, ослабената апсорпција или зголеменото лачење на овој минерал може да резултира со хипокалцемија. 

Симптомите на недостаток на калциум се слабост и грчеви во мускулите, трнење на прстите, ослабен апетит, конвулзии, летаргија, неправилно чукање на срцето, рестираторни проблеми. 

Вишок на електролити во организмот

Хиперкалемија е зголемена концентрација на калиум, а се јавува како последица на претерано внесување на овој минерал, а особено во случај на ослабена работа на бубрезите кои во нормални услови се грижат за елиминација на вишокот на калиум. 

Одредени лекови исто така кои делуваат на бубрезите можат да доведат до зголемена концентрација на калиум (диуретици, лекови за притисок). 

Симптомите се умор, трнење, слабост. 

Хипернатемија е зголемено ниво на натриум, а се јавува како последица на недоволно внесување на вода во организмот, зголемено лачење на течности, внесување на хипертонични течности. 

Симптомите се пропознаваат преку општа слабост, летаргија и појава на едеми. 

Хиперкалцемија е зголемено ниво на калциум во организамот. 

До ова пореметување може да дојде поради претерано внесување на калциум, како последица на зголемена активност на паратироидната жлезда, а неретко не јавува и како пропратна појава на некои болести. 

Симптоми се летаргија, недостаток на апетит, мачнина, повраќање, пролив, болка во стомакот, дигестивни пореметувања, главоболка, поспаност, зачестено мокрење, низок притисок и направилна работа на срцето. 

Извори на електролити

Доколку се храните правилно и избалансирано немате причина за да се грижите за концентрацијата на електролити во вашиот организам. Продуктите кои секојдневно го наоѓаат своето место во исхрана содржат доволно количество на електролити:

  • зеленчук: спанаќ, брокула, грав, грашок, компир, блитва, домат, пиперка, свежа и кисела зелка, репка, морков, магдонос, целер

  • овошје: портокал, банана, суви сливи и кајсии, праски, нектарини, диња, лубеница, авокадо, ананас, суво грозје

  • житарки

  • јатки: бадеми, лешници, индиски ореви

  • семиња: сусам, сончоглед

  • млеко и млечни производи

  • печурки

  • морски алги

  • кафе, чај, какао

  • јодирана куинска сол

  • минерална вода

Прва помош при недостаток на електролити

Во случај на зголемено губење на електролити, важно е да се надокнади нивниот недостаток. 

Денес популарен начин за хидратација и надоместување на електролитите е конзумирање на изотонични пијалаци. Поради нивното делување редовно ги користат спортистите, физичките работници и лицата со посебни прехрамбени потреби. 

Но, овие пијалаци имаат и своја негативна страна, тие се преполни со шеќери, вештачки боии разни други штетни состојки. 

Квалитетно решение за надоместок и одржување на електролитите, враќање на енергијата и зајакнување на организмот најчесто треба да се бара во конзумирање на здрава храна. 

Најбрза прва помош може да биде чаша вода во која ќе додадете половина лажица јодирана сол, или пак специјален раствор на електролити кој може да се најде во аптеките.

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com