ВТОРНИК, 11 ФЕВРУАРИ 2020

5 совети за нега и убавина со краставица

Краставиците се меѓу најпроизведуваните зеленчуци во светот и еден од најдобрите продукти за општо здравје и убавина на вашето тело. Краставицата го негува телото одвнатре, но и однадвор. Идеална е за нега на кожата, бидејќи бројните минерали ја хранат кожата и ги обновуваат клетките. 

post cover photo

Поради тоа што 95% од краставицата се сочинети од вода, таа го хидрира телото и помага во елиминација на токсините. Само една краставица во себе ги содржи витамините Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, фолна киселина, витамин Ц, калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум и цинк, а покрај тоа имаат многу малку калории. Затоа, не пропуштајте секојдневно да внесете свежа краставица во организмот. Искористете ја сезоната и почестете го организамот. 

Ги намалува отоците на очните капаци 

Парче ладна краставица можеби звучи како клише, но навистина може да ви помогне да се ослободите од подочниците и надуеноста, бидејќи делува против воспаленија и го ослободува вишокот на вода кој го предизвикува отокот. 

Кругчињата краставица можете да ги наредите и на целото лице, со што ќе ја ревитализирате кожата ослободувајќи ја задржаната вода и придонесувајќи кон обновување на клетките. 

Ги зајакнува ноктите и косата

Чудесниот минерал силициум диоксид кој се наоѓа во краставицата ги прави вашите коса и нокти сјајни и силни. Сулфурот и силициум диоксидот исто така го стимулираат растот на косата. 

За изгореници од сонце

Краставицата е одличен лек за изгореници од сонце. Испасирајте ја краставицата, исцедете го сокот, потоа натопете памучна газа со него и ставете ја на иритираниот дел од кожата.

За намалување на пегите

Изрендајте краставица и користете ја како тоник, така што ќе ја нанесете како маска на лицето или другите места каде имате пеги. Со тек на време овој тоник ќе ја намали видливоста на пегите. 

Го освежува здивот

Нејзините антибактериски својства и дејството против воспаленија имаат благотворни ефекти и на здравјето на усната шуплина и го освежуваат здивот. Земете парче краставица и притиснете го на непцата со јазикот. Држете го 30 секунди, а потоа исплакнете. 

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com