САБОТА, 26 ДЕКЕМВРИ 2015

Совршена комбинација на музика и кафе

Кафето е толку важна состојка од нашите животи што за многумина почетокот на денот е речиси незамислив без шолја кафе. 

post cover photo

Во кафето многу уметници пронашле инспирација, а бидејќи се припрема и го опива светот неполни 4000 години, тоа и не е така необично. Јохан Себастијан Бах уште во првата половина од 18тиот век ја компонира „Кантата за кафето“, почнувајќи тренд кој е актуелен и денес. 

„Винтиџ“ кафе

Примерите од средината на минатиот век се бројни: можеме да започнеме со своевидната ода за кафето "Java Jive" на групата The Ink Spots и можеби претерано духовитата "The Coffeе Song" на Синатра. Потоа следи "Coffee blues" на Lightnin' Hopkins, па џез стандардите “You’re the Cream in My Coffee“ во изведба на Nat King Cole Trio и „Coffee Time“, која години подоцна ја сними и неговата ќерка Натали Кол. 

Несомнено најголем класик меѓу оние песни е “Black Coffee“. Oваа песна ја опишува тагата на осамената жена додека со денови ноќи, пиејќи црно кафе, го чека својот маж кој можеби никогаш нема да се врати. Од 1948 година ја имаат снимено преку 30 изведувачи, а некои од најпознатите се Сара Вон, Пеги Ли, Ела Фитцџералд, Реј Чарлс, Шинед О'Конор и Патриција Кас. 

Прво утринско кафе

Раното утро означува нов почеток, а јакото кафе помага тој почеток да биде подобар, или барем малку поподнослив. Меѓутоа, тоа не е секогаш случај, а следните песни го прикажуваат кафето како силен отрезнувачки фактор, поради чие дејство уште подобро се гледа ужасот на реалноста.

Во меланхоличната “Black Coffee in Bed“ на бендот Squeeze, протагонистот се обидува да преброди бурно раскинување, но за инает се преправа дека се е во ред. И Бони Тајлер се буди во сознание дека нејзиниот сакан повеќе не е тука и предоцна сфаќа дека работите тргнале наопаку во “Clouds in My Coffee“. 

Но не е се така црно! Долорес О'Риордан од The Cranberries одлучно ни порачува да се разбудиме бидејќи е време конечно да ги земеме работите во свои раце ако сакаме животот да ни тргне на подобро - "Wake Up and Smell the Coffee“.

Шолја по шолја 

Ширли Менсон од бендот Garbage совршено ја опишува празнината и безнадешноста по раскинувањето во песната “Cup of Coffee“. Кејти Пери исто така знае што е скршено срце, но таа своите чувства во "A Cup of Coffee“ ги соопшува со фаталистички изјави и фрази, својствени за поп баладите. 

За тоа време, Џони Кеш навраќа на кратко кај својот стар пријател Џек Елиот, да испијат едно кафе и да помуабетат во анегдотската песна “A Cup of Coffee“. Но како што обично бидува кафенисувањето се одложува и се стекнува впечаток дека не пиеле само кафе... 

Еден од првите синглови на Боб Марли “One Cup of Coffee“, всушност е обработка од Клод Греј, забележливо е повесел од подоцнежните, иако темата за која се пее е развод. За уште еден пропаднат брак можеме да дознаеме понешто и од песната "Another Cup of Coffee" на бендот Mike + The Mechanics. 

За крај уште една обработка (во овој случај се работи за Боб Дилан) на бендот The White Stripes. “One More Cup of Coffee“ е песна која под приказната за убавата циганка сериозно ги допира концептите за неизбежниот пат во непознатото, незадржливата слобода и нерешливите мистерии. Но сево само после уште една шолја кафе. 

Интермецо 

А во меѓувреме една кратка инструментална пауза од Supergrass со “Coffee in the Pot“.

Кафе + ... 

Иако е доволно само по себе, кафето често се комбинира со уште нешто (млеко, цигара, муабетче), за целосно уживање. 

За многумина првата асоцијација е “Coffee & TV“ на бендот Blur, можеби најпрво поради феноменалното видео во кое ја следиме авантурата на оживеаното тетрапак млекце кое го бара исчезнатиот гитарист на бендот, Греам Коксон. Песна зборува за Греамовите проблеми со алкохолизмот, иако може да биде сфатена и како критика на улежаноста и рамнодушноста, болките на современото општество. 

 
 
Понатака, бендот Augustana и нивната горко слатка “Coffee and Cigarettes“ - убава песна која зборува за помалку убава љубов, а соул легендата Otis Reding има малку повеќе среќа додека во доцните и изјавува љубов на една жена во уште поубавата “Cigarettes and Coffee“.
 
Името на песната “Amphetamines and Coffee“ на бендот The Afghan Whigs предупредува за предизвиците на модерниот човек кој се гуши под притисокот на обврските и носењето на важни одлуки. 
Од друга страна Prince во симпатичната песна “Starfish and Coffee“ пее за „ментално алтернативната“ девојка Синтија, која секое утро за појадок има „морски ѕвезди и кафе, јаворов сируп и џем, облаци од карамела и мандарини, а покрај тоа и малку шунка.“

Различни опции 

Како што постојат повеќе видови и начини на подготовка на кафе, така и нивниот музички „третман“ се разликува стилски и жанровски.

Мени

"Coffee Homeground“ - Kate Bush

"Black Coffee“ - Black Flag

"Black Cold Coffee“ - UFO

"Espresso Logic“ - Chris Rea

Expresso Love“  - Dire Straits

"Calliandra Shade (The Cappuccino Song)“ - Ian Anderson

"Cappuccino“ - Liquid Trio Experiment

"Latte“  - Graham Coxon

"Cafe Mocha“ - Jesse Cook

"Caffeine & Saccharin“ - Jonathan Jeremiah

Бонус 

За крај, еден супер меш-ап. Имено, некој одлучил од 40 песни да ги „исфилтрира“ само деловите во кои се споменува кафето и од тоа да направи една песна. 

 

 

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com